Кога едукаторите традиционално пишуваат учебник, тие генерално треба да потпишат договор за авторски права кај издавачите. Кога пишуваат учебници со отворен пристап или продуцираат некој друг вид на отворени образовни ресурси, нема потреба за потпишување на договор за авторски права – креаторите го задржуваат правото за копирање, дистрибуирање и повторна употреба на нивните дела.

Не сте импресионирани од овие основни права? Сетете се дека кога авторите ги пренесуваат нивните авторски права кај издавачите, тие најчесто ги губат сите права над нивните дела – а по трансферот, тие понекогаш немаат права над нивните дела.

Секако, доколку сите права на определено дело ги поседува креаторот, другите не би можеле ниту да ги копираат, споделуваат или пак повторно да ги употребуваат нивните дела. Со други зборови, по дефиниција, не може да бидат отворени образовни ресурси. Така што, сакаме креаторите да ги задржат нивните права, но исто така ни треба тие да им дадат некои права и на другите. И тоа не само одделно на определени луѓе или компании туку на сите потенцијални корисници.

Затоа всушност сите од заедницата за отворен пристап ги сакаат Creative Commons (CC) лиценците: тие им ги оставаат авторските права на креаторите, но исто така им даваат одредени права за употреба и на другите. Creative Commons лиценците не се единствениот начин за да се добијат авторските права над определена работа, но тие им олеснуваат на креаторите на содржините да комуницираат за тоа кои права може, односно не може, да се даваат на другите, што всушност ги прави да бидат стандарна лиценцирачка алатка за материјалите со отворен пристап.

Постојат шест Creative Commons лиценци во спектарот меѓу традиционалните авторски права и јавните домени. Тие се разликуваат според тоа што бараат во однос на комерцијалната употреба и адаптираните тела, а има и фасцинирачки работи да се кажат за нив. Двете најчесто употребувани лиценци за ООР се: CC BY (Attribution) и CC BY-SA (Attribution-ShareAlike).

  • CC BY лиценцата вели дека луѓето можат да прават што сакаат со делата – да ги копираат, печатат, дистрибуираат, шират, комбинираат, па дури и продаваат – под услов творецот на содржината да биде доследно наведен.
  • CC BY-SA лиценцата е многу слична, но се разликува во еден клучен момент: во лиценцата стои дека луѓето може да прават што сакаат со делата, но (1) творецот да е доследно наведен и (2) сите дела кои ќе излезат како резултат да бидат лиценцирани со истата лиценца. Затоа што CC BY-SA дозволата бара и адаптираните дела да се со CC BY-SA дозвола, излегува дека таа е „вирална“ дозвола.


Што е подобро, CC BY или CC BY-SA? Главните поддржувачи на отворениот пристап имаат јаки и различни мислења.

Википедија ги користи CC BY-SA, објаснувајќи дека:

За да се шири заедницата на слободно знаење и слободна култура, сите корисници кои придонесуваат на проектите се задолжени да овозможат отворени лиценци за општата јавност да може да ги редистрибуира и реупотребува нивните придонеси, толку долго што употребата е правилно насочена како и истата слобода за реупотреба и редистрибуција е дозволена на адаптираните дела. Во согласност со нашата цел за обезбедување на бесплатни информации на најшироката публика, бараме кога е потребно сите поднесени содржини да се лиценцирани така што ќе бидат слободно повторно употребливи за секој кој сака да им пристапи.


Асоцијацијата за Слободен пристап на образовните издавачи (OASPA), од друга страна ги поттикнува CC BY до тој степен што не дозволува користење на CC BY-SA меѓу нејзините членови:

Целосно да се сфати дека потенцијалот на слободниот пристап до истражувачка литература, бариерите за повторна употреба на истата треба да се отстранат… Најлибералната Creative Commons лиценца е CC-BY, која дозволува повторна употреба на слободната содржина, и условува само изворот на делото да биде соодветно наведен. Другите Creative Commons лиценци дозволуваат да бидат изречени три посебни забрани… Но, новиот консензус за усвојување на CC-BY го одразува фактот дека било кое од овие ограничувања непотребно ја ограничува можната повторна употреба на објавените истражувања. … додека [Share-Alike] дозволите можат да бидат екстремно од помош во градењето на колекција од содржина, тие исто така имаат лоши страни во однос на ограничувањето кое го имаат за реупотреба. На пример, материјалите дистрибуирани во Share-Alike текст можат да бидат комбинирани и редистрибуирани заедно со друга share-alike содржина. Наспроти тоа CC-BY содржината може да биде комбинирана со било каква содржина и дистрибуирана согласно со правилата на таа друга содржина, се додека се почитува она од CC-BY содржината. Ова ја прави CC-BY на некој начин „универзален донатор“ бидејќи има максимална компатибилност. … OASPA вклучува, и во моментов ќе прифати членови кои ги употребуваат NC забраните (не SA или ND забраните).

Да погледнеме одблиску која лиценца е подобра:

  • Која е подобра за читателите? За оние кои само читаат/конзумираат дела (и за оние кои преземаат, печатат и ја споделуваат), нема разлика меѓу двете дозволи.
  • Која дозвола е подобра за оние кои сакаат да го реупотребуваат/комбинираат своето дело? Зависи. CC BY е помалку рестриктивна, правејќи ја реупотребата полесна. Но, CC BY-SA осигурува отвореност и реупотребливост на адаптираните дела, а таа одредба води кон реупотреба/комбинирање кои се инхерентно подобри отколку кога не би биле со отворен пристап.
  • Што е подобро за авторите? Зависи од нивните приоритети. CC BY ја олеснува повторната употреба и широкото влијание, но некои креатори на дела од отворен пристап сакаат работата која произлегува од нивните дела да биде исто така со отворен пристап.
  • Што е подобро во однос на отвореност? Како што гледаме во аргументите од Википедија и OASPA, многу зависи од тоа како ќе гледате на нив. CC BY ги прави делата поотворени и повеќе повторно употребливи. Но, CC BY-SA придонесува до поголема отвореност и гради еден универзум на материјали со отворен пристап. Како и да е, share-alike одредбата може да одврати некои од потенцијалните реупотребувачи и да спречи определени реупотребувања да се случат. Како треба да размислуваме за лиценца која промовира отвореност кај адаптираните дела, но исто така и спречува некои од адаптираните дела да бидат воопшто создадени? Многу е тешко да се каже!


За крај, за отворен пристап делата треба да имаат најмногу импакт и да прават добро, а ние треба да ги минимализираме бариерите за реупотреба.

Извор: oercuny.commons.gc.cuny.edu/2014/05/29/oer-licenses

Сподели: