Во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, на 7ми и 8ми март, во МладиХаб, беше организирана обука за офицери за заштита на лични податоци во државни институции. Целта на обуката беше да ги развие капацитетите на учесниците поврзани со заштита на лични податоци на граѓаните, да се подигне свеста за потенцијалните ИКТ предизвици во областа на заштитата на личните податоци, како и да се запознаат со примери за користење на вештачка интелигенција во јавниот сектор во Република Северна Македонија.
Покрај развивање на капацитетите, оваа обука понуди и платформа за споделување на искуства, мислења и добри практики поврзани со заштитата на личните податоци во секојдневната работа на учесниците.
Сподели: