Во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, на 3ти и 4ти март, во МладиХаб, беше организирана обука за претставници на граѓански организации и новинари на тема „Заштита на личните податоци во процесот на дигитализација на јавните услуги“. Целта на оваа обука беше да се зајакнат познавањата на претставниците на граѓанските организации и новинарите на темите од областа на заштитата на лични податоци; да се развијат нивните вештините за комуницирање на овие теми со граѓаните и институциите; како и да се споделат сознанија и препораки од актуелната состојба со заштитата на личните податоци во процесите на дигитализација на јавните услуги.
Учесниците на обуката имаа можност одблизу да се запознаат со Законот за заштита на личните податоци и правата на субјектите на лични податоци кои законот ги заштитува. Преку практични вежби, учесниците научија и нешто повеќе околу мерките кои треба да ги преземат институциите при планирањето на дигитализација на јавните услуги и воведувањето на нови дигитални алатки за граѓаните и развија препораки за унапредување на транспаретноста на институциите.
Во периодот што следува, Фондација Метаморфозис ќе организира повеќе работилници, обуки и други активности насочени кон подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци, како и унапредување на знаењата на граѓаните, граѓанските организации, медиумите, институциите и другите засегнати страни за актуелните процеси во оваа област.
Сподели: