Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведе две дводневна, онлајн обука за унапредување на транспарентноста и отворени податоци на единиците на локалната самоуправа. Обуката се одржа на 17 и 18 јануари 2022 година. На обуките учествуваа 34 претставници од 20 општини, претставници на 8 граѓански организации, фасилитатори за отворени податоци и други.

Обуките имаа за цел да го зголемат теоретското знаење за транспарентноста и отвореноста, но и преку конкретни предлози за користење на алатки за транспарентност, и дискусија за споделување добри практики, да се овозможи на општините проактивно да делуваат на полето на отвореност.

Во рамките на дводневната обука учесниците имаа можност да се стекнат со практични знаења за користење на алатките за отвореност и транспарентност, за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки, да се запознаат со концептот на отворен град, да стекнат познавања за концептот и придобивките на отворени податоци, како и со практично знаење за процесот на објавување на отворени податочни сетови.

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во наредниот период ќе обезбеди директна поддршка на општините со цел унапредување на нивната отвореност.

Сподели: