Мени

Средба на НВО во Метаморфозис за соработка за заштита на животната средина

Целта на оваа неформална средба беше зголемувањето на нивото на меѓусебна координација и информирање за претстојните активности на организациите, во прв ред во рамките на проектите кои ги спроведуваат преку грант-шемата ИПА 128287 поддржана од ЕУ, како и други можности за соработка и вмрежување.

На средбата учествуваа претставници на следните организации:

Сите учесници имаа можност подетално да ги запознаат останатите со предвидените активности и цели на проектите во кои учествуваат, со особен нагласок на можностите за директна соработка.

Во текот на дискусијата беа претставени претстојните активности од проектите од шемата на ИПА и можностите за вклучување на организациите при претстојното градење на мрежи во рамките на некои од нив, како BEWMAN и електронско поврзување меѓу страните заинтересирани за отстранување на азбестот по пример на мрежата Идеал-ист. Беа изложени и можностите за учество на настани од проектите за справување со азбестот и градење зелени агенди во наредните два месеци.

Во вториот дел од средбата, претставникот на Метаморфозис претстави две интернет-алатки развиени во рамки на други проекти, наменети за ширење на зголемување на влијанието на работата на граѓанските организации и ширење на информации и знаења.

Во прв ред беше презентирана платформата за тематско блогирање Кауза.мк, со иницијатива да се воспостави блог за застапување на каузата за заштита на животна средина—на пр. ekologija.kauza.mk—кој би можеле да го користат и присутните, но и сите други релевантни НВО за пренесување информации од оваа област, како за нивните активности, така и пошироко.

Потоа беше претставен и агрегаторот за веб-содржини Пинг.мк, кој овозможува споделување на линкови и преглед на нови содржини поврзани со Македонија добиени автоматски преку РСС од разни области, меѓу кои и екологија.

Средбата беше искористена и за размена на искуства во однос на административно-финансиските прашања поврзани со спроведување проекти на ЕУ во РМ, регулирање на односите меѓу партнерите и официјални процедури за ослободување од ДДВ, како и можноста за градење капацитет преку обуките кои ги нуди TACSO.