На почетокот на месец јули, во Букурешт, Романија, се одржа редовна средба на партнерите во Програмата за дигитален активизам на TechSoup, кадешто учествуваше и тимот на Фондација Метаморфозис.

Средбата беше поддржана и организирана од романските партнери, Funky Citizens. На средбата се разговараше за статусот на проектните активности, предизвиците со кои се соочуваат вклучените организации и плановите за иднина. Средбата беше можност партнерите да ги споделат своите успешни приказни и позитивни примери, но и да се разговара како да се набљудува и мери влијанието на спроведените активности. Се споделија иновативни начини на комуникација и се разменија искуства и најнови регионални теми и предизвици за граѓанското општество.

Сподели: