На јавната расправа, одржана на 19.07.2023 година во Клубот на пратеници во врска со одредбите во Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, претставникот на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ истакна дека „Метаморфозис“ во рамките на своите заложби за слободни, независни и професионални медиуми, смета дека државната финансиска поддршка за медиумите не треба да се врши преку директно доделување средства во медиумите. Во таква ситуација, директното доделување на јавни средства ги става медиумите во позиција која води кон подривање на уредувачката независност и медиумската слобода, кон нарушување на интегритетот и зголемено политичко влијание. Оттука, нашиот долгогодишен став и предлози остануваат непроменети, а се во насока финансиски јавни средства да се доделуваат преку други начини, како што е намалување на даночните стапки и ослободување од давачки при вработувањето на новинари, а да е наменета само за квалитетно професионално новинарство без разлика дали станува збор за печатен, електронски или онлајн медиуми.

Но, во насока на конструктивен дијалог, учествуваме во јавната распара и сепак сакаме да потенцираме слабости во одредбите на сегашниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог Закон), а кои се разработени во Глава V-a ДРЖАВНА КАМПАЊА НА ЦЕНТРАЛНО НИВО и Глава V – б ДРЖАВНА КАМПАЊА НА ЛОКАЛНО НИВО, достапни тука.

Сподели: