Минатата недела, помеѓу 11 и 15 април, Академијата за е-владеење (еГА) заедно со партнерите на ИЦЕДА организираа тридневна студиска посета на Талин, Естонија за група од 23 јавни службеници, претставници на институции, граѓански организации и медиуми од Земјите од Западен Балкан. Студиската посета беше насочена кон Дигиталната агенда и клучните фактори за создавање дигитална работа, дигитализацијата на јавните услуги, граѓанскиот ангажман и соработката помеѓу владата и ГО за унапредување на демократијата и е-демократијата на национално и локално ниво. Студиската посета е дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА кофинансиран од Европската Унија, а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Естонија од фондовите за развојна соработка и хуманитарна помош.
Делегацијата од Западен Балкан ја сочинуваа делегации од Албанија (Алдо Меркочи – извршен директор на „Левизја Мјафт“, Ергис Гаџо – специјалист за сајбер безбедност во Националната управа за сертификација на електронска и сајбер безбедност, Ина Зјари – веб-девелопер во Општина Тирана, Уеда Харизи – инспектор во Канцеларијата на Комесарот за ИТ информации и офицер за заштита на податоци), Косово (Агим Кукај – директор на Одделот за ИКТ во Министерството за економски развој, Бурим Балај – Раководител на Директоратот за рационализација на административните процеси Агенција за информатичко општество, Дафина Олури – заменик директор во Open Data Kosovo , Шќипе Ѓочај – независен истражувач/новинар Косовска фондација за граѓанско општество), Црна Гора (Ферида Мандиќ Лазовиќ – главен проектен директор за ИКТ Кортекс, Милан Мариќ – член на Собранието на Стопанската комора на Црна Гора и на одборот на ИКТ здружението, Милица Вучиниќ – советник во Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми, Снежана Никчевиќ – Национален проектен координатор во НВО 35 ММ, Тарик Заимовиќ – извршен директор на ИКТ Кортекс ), Северна Македонија (Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација, Бардил Јашари – извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, Блерим Абази – директор на Управата за водење на матични книги, Елида Зулбеари – главен уредник на Portalb.mk, Емилија Георгиева Ѓошевски – советник на министерот за информатичко општество и администрација, Мила Јосифовска Даниловска – програмски менаџер, социјална одговорност и човекови права онлајн во Фондација Метаморфозис ) и Србија (Ана Миловановиќ – координатор за политики/ координатор за регулаторни реформи/ координатор на Алијансата за е-Влада во НАЛЕД – Национална алијанса за локален економски развој, Марија Лукиќ – раководител на Одделот за добро владеење Постојана конференција на градови и општини, Тамара Корсиќ – советник во Одделот Квалитет на електронски услуги на Канцеларијата за ИТ и е-Влада на Гувернерот на Србија, Урош Мисљеновиќ – програмски директор во Партнери за демократски промени Србија).
Извор: Фејсбук страница на академијата за е-владеење, делегација од Западен Балкан на студиска посета во Талин, Естонија
Овие три дена им овозможија на професионалците од Западен Балкан да добијат знаење од прва рака за начинот на кој функционира е-Естонија, да ги истражат методите што ги користат за мерење, контрола и туркање на институциите кон напорите за градење поотворени, транспарентни и ефикасни механизми за е-влада фокусирани кон потребите на граѓаните. Студиската посета имаше за цел стручно да ги обучи носителите на одлуки на централната и локалната власт на Западен Балкан да ја водат дигиталната трансформација и да изградат солидна соработка и односи меѓу себе и ГО и да ги поддржат ГО во овој процес. За време на посетата, учесниците имаа можност да се сретнат со претставниците на eGA, естонската влада, локалните власти и естонските граѓански организации.
Првиот ден од студиската посета беше одбележан со вовед во еГА, е-Естонија и земјите од Западен Балкан. По воведувањето на приказната за естонската трансформација од Лија Хани, виш експерт за е-демократија, еГА, партнерите на ИЦЕДА ги претставија своите прегледи на земјите од кои доаѓаат за е-владеењето и дигиталниот ангажман, како и за релевантноста на проектот ИЦЕДА.
Клучните елементи за дигитална трансформација и развој, управување со идентитетот и компонентата eID, јавните услуги насочени кон граѓаните и дигиталните јавни услуги, беа дискутирани на првиот ден преку презентација на примери од Естонија од страна на Анела Киирац, програмски директор на еГА за обука за е-управување, Томас де Вајлд, програмски менаџер во ИДЕАМИА (продукција на картички) и Јанек Розов, стратегиски директор во Центарот за информатичка технологија и развој на Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вториот ден, учесниците разговараа за сајбер безбедноста и интероперабилноста со Мерл Маигре, виш експерт за сајбер безбедност, eGA и Хеико Ваинсалу, програмски директор за технологија, еГА, по што следеа паралелни сесии за е-здравје, предводена од Пирет Хирв, менаџер, естонски поврзан здравствен кластер, и е-избори, сесија предводена од Приит Винкел, виш експерт за паметно владеење, еГА.
Виљар Пип, заменик генерален секретар на Министерството за правда ја прими делегацијата од Западен Балкан во Министерството за да претстави како механизмите за заштита на податоците се вградени во естонското законодавство и во јавната администрација. Оваа можност беше искористена и за да се разговара за подобрување на ефикасноста на внатрешната влада, испораката на јавни услуги и зголеменото ниво на транспарентност како резултат на отворањето на податоците за јавноста. Делегацијата беше пречекана и од Лукас Кристјан Илвес, главен владин офицер за информации/ Заменик генерален секретар за дигитален развој, Министерство за економски прашања и комуникации, кој разговараше за естонската дигитална стратегија 2030 година, а исто така се случи и посебна средба со министерот за Информатичко општество и администрација на Северна Македонија.
Последниот ден од студиската посета, учесниците се преселија во Креативниот град Телискиви каде што се сретнаа со естонските граѓански организации (ОС Граѓанин, Фестивал на мислење, Фондација Добро дело) за да разговараат за градење култура на политички ангажман и размислување; улогата на ГО и примери на граѓански иницијативи за организирање национални дебати, нудење дигитални услуги, меѓусебна соработка и соработка со јавниот сектор.
Јарно Лаур, градоначалник на парохијата Тарту и Кристина Реинсалу, програмска директорка на е-Демократија, еГА го претставија ставот на локалната власт за е-управување, е-услуги и (дигитален) ангажман на локално ниво: создавање администрација во чиј центар ќе биде интересот на граѓаните, управување со документи и процеси, поттикнување на локалните власти да имплементираат дигитални решенија, Отворено управување во процесите на донесување одлуки и слично.
За време на завршната дискусија, учесниците размислуваа за новите знаења и искуства стекнати на овој семинар и дискутираа дали и кои слични модели, реформи, алатки би можеле да се спроведат во нивните земји, кои се бариери и решенија за нивно надминување.
За време на студиската посета, учесниците имаа и можност за неформално вмрежување, споделување на идеи и предлагање синергии, како и учество во подкастот на еГА и интервјуата направени од Portalb.
——————————————————————————————————————————————
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Владеење (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели: