Mакедонскиот пребарувач Најди!, во соработка со Фондацијата Метаморфозис, ги претставува медиумските зборови на годината – зборови чие користење во медиумите (*) најмногу се зголемило во 2005 година во споредба со 2004 година.

Покрај Јохан Тарчуловски и Фатмир Бесими, на листата на личности со најголемо зголемување на медиумскиот интерес се Метју Нимиц, Оли Рен и Мери Младеновска-Ѓорѓиевска. Најголем пад на заинтересираноста има за Џон Кери, Сашко Кедев и Агрон Буџаку.

Како и во минатата година, и оваа политиката доминира на ранг-листите. Така, „снегот“ е единствената домашна неполитичка тема во листата на 20 често користени зборови.

* Ранг-листата се прави според бројот на текстови во кои се користи дадениот збор, а не според бројот на пребарувања на тој збор. Споредбата е направена врз основа на текстовите објавени на сајтовите на дневните весници Вест, Дневник и Утрински весник, телевизиите А1 и Канал 5, како и порталот Идивиди. Критериумот за избор на сајтови беше сајтовите да содржат значаен број на текстови за целите 2004 и 2005 година.

За повеќе информации обратите се до Петар Кајевски од Најди! на моб. 070-679-689, или до Метаморфозис (info@metamorphosis.org.mk, тел. 02-3109-325).

Целосниот текст на анализата можете да го погледнете на следниот линк, или да го преземете тука (.пдф, 183 КБ). 

Сподели: