Фондација Метаморфозис и Младински образовен форум (МОФ) ве канат на презентација и дискусија на резултати од истражување, во форма на трибина, во рамки на регионалната иницијатива „Млади и медиуми во Југоисточна Европа“.

Трибината ќе се одржи на 5ти март (среда), 12:00 часот, во Клуб на новинари во Скопје.

mladimediumi3

Презентација на резултатите од истражувањето ќе обезбедат координаторките на регионалната иницијатива, Елена Игнатова од Метаморфозис и Моника Божиноска од МОФ, а свое видување за детектираните проблеми и свои предлози за надминување на предизвиците ќе споделат:

  • Зорана Гаџовска, новинар во Радио Слободна Европа
  • Дарко Булдиоски, основач и директор на NewMediaMk
  • Неда Коруновска Аврамовска, претседател на Реактор – истражување во акција
  • Зоран Бојаровски, новинар во ТВ Алфа
  • Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум

mladimediumi4

Ова се само дел од темите кои ќе бидат анализирани и дискутирани на настанот:

  • застапеноста на младите и младинските теми, проблеми и потреби во медиумите;
  • перцепциите и односот на младите кон традиционалните и кон новите медиуми;
  • соработката меѓу медиумите и младинските организации;
  • слободата наспроти стравот за младинско изразување преку медиумите;
  • учеството на младите во креирањето медиумски содржини;
  • вкусовите и потребите на младите како публика, во однос на квалитетот на медиумските содржини кои им се нудат;
  • медиумската писменост, говорот на омраза, пропагандата;

Во интерес на намалување на јазот меѓу младите и медиумите, ве покануваме да ја посетите трибината и да се вклучите во дискусијата. Погледнете го извештајот од истражувањето спроведено во Македонија: http://seeyouthmedia.org/?p=385

Сподели: