Тркалезната маса ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со АЛДА во рамки на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, со поддршка од Република Франција.

Цел на настанот е да се претстават искуства и разменат ставови за улогата на јавните точки за пристап на интернет за поттикнување на активното граѓанско учество, промовирање отворено и транспарентно владеење како и за развојот на демократијата воопшто. Заклучоците од оваа работна средба ќе послужат за подобрување на ефективноста и на постоечките и на идните мрежи на јавни точки за пристап на интернет.

Сподели: