Како дел од проектот ACTION SEE, седум претставници на граѓански организации од Балканот присуствуваа на годишната „Конференција за зелени злосторства и екоправда“ што во периодот 24-25 мај 2023 година се одржа на Универзитетот во Утрехт, Холандија.

Поддржани претставници на граѓански организации од Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина учествуваат на меѓународни конференции со цел да ги споделат резултатите од својата работа, да ги подобрат своите вештини за вмрежување, да воспостават нови контакти, но и да усвојат нови знаења и процеси за застапување.

Во последните децении, еколошкиот криминал стана една од најголемите криминални активности во светот со катастрофални влијанија врз животната средина и огромни трошоци за идните генерации. Влијанието врз животната средина е илустрирано со брзото исчезнување на дождовните шуми, големото загадување, климатските промени и масовното исчезнување на видовите. Еколошкиот криминал стана глобален проблем, и затоа треба да се предвиди во општественото и научното размислување. Студиите за зелена криминологија, социологија на животната средина, право на животната средина, политичка екологија и студии за конзервација, меѓу другите дисциплини, почнаа да истражуваат и да се занимаваат со злосторства и штети врз животната средина. Здружувањето и комбинирањето на овие пристапи е од клучно значење за разбирање и размислување за еколошките предизвици со кои се соочуваме во 21 век.

Сподели: