Маријана Јанческа од Фондација Метаморфозис, заедно со Ана Чоловиќ Лешоска од организацијата Еко свест, од 25 до 28 април 2023 година, учествуваа на 4-та меѓународна конференција за соларни технологии и хибридни мини мрежи за подобрување на енергетскиот пристап.

Конференцијата се одржа во Универзитетот во Палма де Мајорка и имаше цел да овозможи размена меѓу практичари од теренот, академската заедница, финансиери и развојни институции посветени на децентрализиран енергетски пристап и локален развој. Конференцијата овозможи учесниците да споделат искуства за сите соларни технологии, да се вмрежат и да учат едни од други.

На конференцијата присуствуваа 136 учесници од 35 различни земји и пет континенти.

Патувањето на учесниците од Северна Македонија беше спроведено како дел од ACTION SEE проектот. Поддржани претставници на граѓански организации од Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина учествуваат на меѓународни конференции со цел да ги споделат резултатите од својата работа, да ги подобрат своите вештини за вмрежување, да воспостават нови контакти, но и да усвојат нови знаења и процеси за застапување.

Сподели: