Три претставнички на Фондација Метаморфозис, заедно со претставници на партнерските организации од Австрија, Португалија, Бугарија, Чешка и Полска учествуваат на обука на тема „Градење на капацитетите на граѓанските организации со Cloud технологија“, што се одржува во Прага во периодот од 14ти до 18ти март.

Учесниците на оваа обука имаат можност одблизу да се запознаат со различните можности што ги нудат Microsoft teams и Power Automatе и да ги развијат вештините поврзани со безбедноста на податоците во Microsoft екосистемот. Целта на обуката е да ги унапреди капацитетите на партнерските организации за обезбедување ефективна поддршка за граѓанските организации во процесот на миграција кон Cloud решенија.

Оваа обука се организира во рамки на проектот „Зајакнување на граѓанското опшстество преку дигитална трансформација“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+.

Сподели: