Денес, Фондација Метаморфозис во соработка со Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) при Агенција за електронски комуникации, организираше вебинар “Основи на сајбер безбедност со МКД-ЦИРТ”. Вебинарот беше организиран во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

Околу 250 заинтересирани учесници од разни општествени сфери, помеѓу кои претставници на институции, граѓански организации, граѓани, студенти, основни и средни училишта, универзитети, итн. имаа можност преку вебинарот да се запознаат со основите на сајбер безбедност, одржување на сајбер-хигиена, добри практики за безбедност на граѓаните онлајн, на дигиталните уреди и податоците на интернет, како и препознавање на фишинг и лажни пораки, како да се заштитат на социјалните мрежи и како да ги заштитат нивните лични податоци на интернет. Меѓу другото, учесниците исто така имаа можност да се запознаат со улогата која МКД-ЦИРТ ја игра во полето на сајбер безбедност, како и кои се услугите и бесплатните онлајн обуки кои МКД-ЦИРТ ги нуди за граѓаните.

Видео снимката од вебинарот може да ја проследите подолу:

—————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: