Фондацијата Метаморфозис заедно со ISC Project и овој месец организираат два вебинари кои опфаќаат теми за кои сметаме дека се од исклучително значење на невладините организации посебно за оние кои имаат медиумски проекти како и на самите медиуми, а се од доменот на Дигитална безбедност.

Деталите за вебинарите може да ги погледнете подоле. Доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот линк*: https://forms.gle/rPVhM23aDPkuSBxL8

одатоците се прибираат само за вебинарите и нема да бидат искористени во маркетиншки или други цели. Податоците ќе бидат избришани по одржување на вебинарите.

 

Дезинформации како закана за дигиталната безбедност / 21.09 (понеделник) / 13:00ч / Должина 1 час

На вебинарот ќе се дискутираат типовите на дезинформации, начинот на кој што се создаваат и шират, нивната цел и штетата која ја предизвикуваат. Ќе се разгледаат неколку реални примери на дезинформации кај нас, причините за нивно создавање и како организациите се имаат справено со нив. Исто така ќе се дискутираат начини како да се намали штетата предизвикана од нив.

Предавачи се Горан Ризаов и Гоце Арсовски од Фондацијата Метаморфозис

Горан Ризаов е раководител на програмата за медиуми на Метаморфозис чиј дел е единствениот лиценциран медиум од Македонија во Меѓународната мрежа за поверка на факти – Вистиномер.мк. Тој е професионален новинар со повеќегодишно искуство во печатените и електронски медиуми. Работи главно на проекти поврзани со добро владеење, отворени податоци, анализа и визуелизација на податоци. Бил стипендист за професионална надградба во 2011/2012 година, кога на Факултетот за новинарство и масовни комуникации „Волтер Кронкајт“ во Феникс, САД студирал новинарство базирано на податоци и онлајн медиуми.

Гоце Арсовски е психолог и истражувач во Фондацијата Метаморфозис. Професионалниот интерес главно насочен во областите на методологијата, статистиката, истражувачките инструменти како и можностите за користење нови технологии во истражувањата. Има учествувано на десетици меѓународни конференции, семинари и работилници на тема борба против дезинформации, медиумска писменост и сајбер-безбедност. Како тренер има спроведено обуки за работа со податоци и визуелизации на податоци, отворени податоци, сајбер-безбедност со посебен осврт кон ученици од основно и средно образование.

 

Безбедни мобилни комуникации / 22.09 (вторник) / 13:00ч / Должина 1 час

Комуникацијата преку мобилните уреди зазема огромен дел од целата комуникација во сегашно време. Затоа е многу важно податоците кои ги пренесуваме преку овие уреди како глас, видео и информации да се безбедни. На вебинарот ќе се дискутираат начините и алатките како податоците безбедно да се чуваат и комуницираат преку мобилните уреди.

Предавач е Роберт Тодороски.

Работи како советник за дигитална безбедност за Intranews Network. Има долгогодишни искуство како советник за ИКТ и сајбер безбедност во повеќе организации кај нас.

Линкдин: https://www.linkedin.com/in/rednetitc/

Сподели: