wiki_velesНа обуката присуствуваа 8 активисти, најголем дел претставници од Фондацијата „Фокус“, Општина Велес, и извидничкиот одред „Димитар Влахов“– Велес. Учесниците имаа можност да се запознаат подетално со Вики софтверот и неговата употреба, како и да научат како да уредуваат текст, да создаваат врски и додаваат наводи, да уредуваат слики, мултимедија, табели, категории и страница за разговор.

На крајот од обуката, финалниот производ на учесниците беше уредена статија за Велес според стандардите на сајтот Wiki.mk.

wiki_veles2Обуката ја спроведоа Кирил Симеоновски и Снежана Штрковска од невладината организација „Викимедија“. Овие обуки се дел од ИКТ компонентата на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија на Фондацијата Метаморфозис кој се реализира во партнерство со горенаведената организација.

Обуката во Велес е втора обука од овој вид, по онаа која се одржа на 1 април во „Центарот за поддршка на невладини организации“ во Дебар.

Сподели: