Во рамки на мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа и преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency финансиран од Национален фонд за демократија, започна четвртиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) преку Индексот на отвореност со подобрена методологија.

Индексот на отвореност е композитен показател, којшто го определува степенот на отвореност на државните институции од Западен Балкан кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните од Западен Балкан добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, партнерите од ACTION SEE мрежата, следејќи ги меѓународните стандарди, препораки, како и примери на добри практики, ги мониторираат институциите според посебни квантитативни и квалитативни показатели, како на пример: пристап до информации на официјалните веб страници на институциите, квалитетот на правната рамка за одделни прашања, други извори на информирање на јавноста, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари, итн.

Врз основа на третиот бран на мерења кој се спроведе во текот на 2018-2019 година, во рамки на проектот ACTION SEE –Одговорност, Технологија и Мрежа за Институционална Отвореност во Југоисточна Европа финансиран од Европската Унија се изработи и публикацијата „Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија“, во која, покрај главните заклучоци за отвореноста на одделните институции, се содржани и конкретни препораки и чекори за подобрување на отвореноста на истите.

 

Проектот Using New Media to Promote Government Transparency го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“, заедно со други партнери од регионот, Центар за демокраска транзиција (Црна Гора), Граѓанско здружение Зошто не? (Босна и Херцеговина) и Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија).

Сподели: