Од 9 до 14 септември во Хамамет, Тунис, претставници на фондацијата Метаморфозис спроведоа обука за користење нови медиуми и технологии, наменета за млади активисти од Тунис. Активноста е дел од проектот „Vox in Box“ финансиран од ЕУ, спроведуван од здружението Lam Echaml, во соработка со партнерите Метаморфозис и ALDA.
Обуката беше организирана со цел да се подигне јавната свест за важноста на претстојните парламентарни избори во Тунис. Учествуваа повеќе од 120 млади активисти на Lam Echaml, од шест региони на земјата.
Целта на проектот „Vox in Box“ е да придонесе за демократскиот систем во Тунис преку промоцијата на активно граѓанство и култура на политичко учество. Конкретно, има за цел да ги обучи, да им ја подигне свеста и да ги вклучи младите луѓе и жени во изборниот процес и политичката дебата.
Сподели: