„Неделата на отворено образование 2020“, претставува еден од најистакнатите глобални настани, кој оддава признание на високите достигнувања и извонредност во отвореното образование. „Неделата“ започна на 2 март, а ќе трае до 6 март, годинава. Целта е да се подигне свеста и да се прикаже влијанието на отвореното образование врз наставата и учењето ширум светот.

„Неделата на отворено образование“ е основана и координирана од „Отворено образование глобал“ (претходно „Конзорциум за отворено образование“), здружение на универзитети, колеџи, училишта, и организации од целиот свет кои се посветени на идеалите за отворено образование. Во текот на неделата се прикажува работата низ десетина категории, вклучително настани во живо, лице-в-лице средби, веб-страници, проекти, и ресурси. Учеството, се разбира, е бесплатно и отворено. Повеќе информации за „Неделата на отворено образование 2020“ се достапни на официјалната веб-страница.

Во рамките на „Неделата на отворено образование 2020“, Фондацијата „Метаморфозис“, низ активностите на проектот „Отворени образовни ресурси“, кој се спроведува со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, ќе одржи десетина презентации и работилници за наставници од основното образование. Преку овие посети, на стотина наставници од целата држава ќе им се овозможи да научат да користат, и создаваат Отворени Образовни Ресурси. Фондацијата Метаморфозис е отворена за соработка со сите заинтересирани страни кои се залагаат за квалитетно образование за сите ученици, без оглед на јазикот на кој се изведува наставата, местото на живеење, или пак достапноста на учебниците за нивното училиште.

Сподели: