Самитот за слобода на интернет кој се одржа во Струга од 24-ти до 28-ми јуни 2024 година, беше отворен со панел дискусијата Заштита на човештвото во дигитален пејзаж организирана од страна на Фондација Метаморфозис.
Оваа дискусија беше изведена во форма на разговор за етичките влијанија на човековите права онлајн и човековото достоинство при дизајнирање технолошки решенија изградени врз основа на алгоритми и вештачка интелигенција, нагласувајќи го создавањето “добра технологија” која ја почитува приватноста, промовира недискриминација, транспарентност и вистински ги задоволува различните потреби на сите категории граѓани.
Преку оваа дискусија беа дискутирани и наодите од Истражувањето за ефектот на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права на интернет изведено од страна на Фондација Метаморфозис, како и етичките стандарди за заштита на човековите права на интернет при автоматско донесување одлуки кои ги предлага истражувањето.
Дискусијата модерирана од страна на Мила Јосифовска Даниловска од Фондација Метаморфозис беше изведена со учество на Елена Стојановска, експертка за заштита на лични податоци и ко-авторка на истражувањето и проф. Александар Карадимче од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
Пораката која беше испратена преку оваа дискусија е дека со решавање на овие критични етички грижи, можеме да работиме кон иднина каде што технологијата служи за зајакнување и вклучување, наместо маргинализирање или инвазија на различни сегменти од нашето општество.
Сподели: