Презентацијата на Универзитетот Југоисточна Европа се одржа во понеделникот, во рамките на библиотеката. Денешниот настан на Државниот универзитет во Тетово се реализираше во соработка со асистентот Ваљон Абдиу.

Присутните на двете презентации се запознаа со концептот за отворен пристап, поставуваа прашања, земаа постери и пополнија прашалник за проценување на подготвеноста за објавување на трудови во институционални складишта со отворен пристап.

Пред две недели вакви презентации се одржаа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Економскиот факултет и претходно на Економскиот институт и на Универзитетот ФОН.

Сликите од сите досегашни презентации можете да ги погледнете на профилот на Метаморфозис на Фликр.

Презентацијата за отворен пристап на албански е достапна на Слајдшеар.

Сподели: