Децата ќе проследат проекција на 5 кратки филмчиња на тема: зависност од чет, зависност од игри, онлајн измами, сајбернасилство и злоупотреба на мобилни телефони. Но, исто така, ќе може да се информираат околу тоа што смеат, а што не смеат да прават онлајн, на што да внимаваат и како да ги заштитат нивните лични податоци.
Настанот е организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци и Интернет Хотлајн Провајдер – Македонија.
Овој настан традиционално се одбележува секоја година и е дел од низата настани ширум светот по повод одбележувањето на овој ден.
*Денот на побезбеден интернет е дел од едно глобално партнерско движење за подигање на свеста, за промоција на побезбеден интернет за сите корисници, особено за децата и младите луѓе и има за цел да промовира побезбедно и одговорно користење на онлајн технологиите и мобилни телефони.
**Кратките филмчиња ги изработи Детскиот театарски центар.
Сподели: