Како проверувачи на факти, се соочивме со многу напади во текот на нашата работа, но тоа е нашиот предизвик. Не би предвидувала како ќе заврши војната против дезинформациите, ја гледам како хибридна војна и таа ќе се заостри. Сепак, со координирано делување можеме да станеме поотпорни. Можеме да почнеме да ги ангажираме сите во општеството, почнувајќи од владата, медиумските организации, самите новинари мора да ги почитуваат професионалните стандарди и заедно да створиме фронт кој ќе се обиде да ја спречи сета оваа хибридна војна со дезинформациите. Ова го истакна главната и одговорна уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари говорејќи на тема „Поттикнување иницијатива за верификација на фактите“ на конференцијата POINT (Politic Accountability and New Technologies – Политичка отчетност и нови технологии) што започна денеска во Сараево.

Говорејќи за важноста и борбата против лажните вести, Зилбеари истакна дека патот на проверка на фактите е полн со предизвици и проблематичен, бидејќи различни актери постојано преземаат различни активности за дезинформирање на народот. Притоа, таа објасни како во текот на изминатата деценија работеле во оваа насока во Фондацијата Метаморфозис.

„Почнавме со проверување на факти пред десет години, а почнавме и со проверување на ветувањата на политичарите, нивните лаги и сето тоа го документиравме, а бевме и многу заинтересирани да ги следиме што и како зборуваат. По извесно, во 2012 година, видовме дека тоа не е доволно бидејќи живееме во време кога владееше т.н. режим. Тие политичари и владата ги имаа заробено сите државни медиуми и интернетот беше единствениот слободен простор каде можевме да работиме, на два јазика, албански и македонски“, рече Зилбеари.

Konferenca POINT, foto: Fisnik Xhelili/Portalb.mk

Конференција POINT, фото: Фисник Џелили / Порталб.мк

 

Со оглед на тоа што во центарот на мисијата на Метаморфозис е граѓанинот, за да му се овозможи на истиот да носи одлуки, да биде активен, да учествува во креирањето политики, Зилбеари рече дека граѓанинот мора да добива информации. веродостојни, вистинити и достојни за донесување правилна одлука.

„Но, информациите, пораките кои доаѓаа од политичарите-власта беа пропаганда, дезинформации, затоа во 2013 година започнавме со сервисот за проверка на факти на албански и македонски јазик, со цел да ги провериме фактите за содржините објавени во медиумите. Се обидувавме содржините да ги контролираме со строга и транспарентна методологија која не е нешто ново, се заснова на новинарскиот кодекс. Беше важно тоа да се прави главно на албански и на македонски јазик, бидејќи во двата различни етникуми се ширеа две различни пропаганди“, рече Зилбеари.

Elida Zylbeari, foto: Fisnik Xhelili/Portalb.mk

Елида Зилбеари, фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Сепак и тоа не беше доволно, бидејќи како што објасни таа, влијанието и дезинформациите однадвор се уште позастапени и имаат за цел повеќе да го поларизираат општеството. Затоа, појасни Зилбеари, Метаморфозис сега работи на неколку различни јазици со цел да се справи со ваквите дезинформации.„Затоа сега работиме на различни јазици, бугарски, српски, грчки, македонски и албански, за да се обидеме да ги идентификуваме и мапираме сите овие актери, целиот екосистем на пропагандни дезинформации, на пропагандата на Кремљ, обидувајќи се да истражиме и докажеме дека тоа е тенденција“, рече Зилбеари.Меѓу другото, нагласи дека во најновото истражување на Метаморфозис се дадени сите препораки за актерите и придонесот што треба да го дадат во оваа хибридна војна. 

Elida Zylbeari, foto: Fisnik Xhelili/Portalb.mkЕлида Зилбеари, фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Заедно со Зилбеари на овој панел зборуваше и Енџи Дронбик Холан– Главна уредничка на PolitiFact од САД; Милијана Рогач– новинарка и медиумски истражувач од НВО Центар за истражување, транспарентност и отчетност) ЦРТА од Србија; Енок Нијарики Менаџер во Меѓународната мрежа за утврдување факти (IFCN) и Иева Иванаускаите– раководителка во одделот за развој на бизнисот во Делфи – најголемата онлајн новинска организација во Балтичките држави.Конференцијата можете да ја следите во живо, додека делот од панелот за „Поттикнување иницијатива за проверка на фактите“ може да се следи од 01:13:00.

Инаку, конференцијата POINT е во организација на членовите на мрежата ACTION SEE, чиј дел е и Фондацијата Метаморфозис.

Покрај Зилбеари, денеска на конференцијата говореше и Владимир Петревски, главен уредник на Вистиномер на македонски јазик, а утре ќе говори заменикот -главен уредник на Мета.мкБојан Блажевски.

Сподели: