Мајкрософт и Индонезиската влада постигнале договор околу за илјадниците пиратски верзии на Виндоус што се користат во владините сектори

Мајкрософт и Индонезиската влада постигнале договор за илјадниците пиратски верзии на Виндоус што се користат во владините сектори.

Индонезиските министри соопштиле дека Мајкрософт се согласил на амнестија според која за секој компјутер што користи нелегален софтвер Индонезија треба да плати симболична сума од 1 долар. Се смета дека договорот меѓу Мајкрософт и индонезиската влада ќе опфати околу 50.000 компјутери кои користат нелегален софтвер.

Во замена за тоа индонезиската влада ветила дека во иднина ќе купува легални производи од Мајкрософт. Проблемот со пиратеријата особено е присутен во Индонезија. Според Здружението за бизнис софтвер (Business Software Alliance) земјата е меѓу првите пет земји во светот во кои пиратеријата е најмногу застапена. Пред неа се само Виетнам, Украина, Кина и Зимбабве.

Според информациите од Здружението за бизнис софтвер нелегалниот софтвер е застапен со околу 87% на индонезискиот пазар.