Мени

Дирекција за заштита на личните податоци: Соопштение од Денот на отворени врати за граѓаните

По повод 28 јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, на 29 јануари 2007 година, понеделник, организираше Ден на отворени врати за граѓаните
По повод 28 јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, на 29 јануари 2007 година, понеделник, организираше Ден на отворени врати за граѓаните .

Директен повод за овој настан е Oдлуката на Советот на Европа со која 28-ми јануари е прогласен за Европски ден на заштитата на личните податоци. Иницијативата за определување на Ден на заштитата на личните податоци е на Консултативниот Комитет (T-PD), а 28-ми јануари е определен како датум на кој е отворена за потпис Конвенцијата за заштита на лицата во однос на автоматската обработка на личните податоци бр.108/81.

Примарната идеја на Советот на Европа беше на овој ден сите органи надлежни за заштитата на личните податоци од земјите членки да организираат многубројни активности наменети на различни целни групи со кои ќе го одбележат Европски ден на заштитата на личните податоци.

Главна активност што Дирекцијата ја организираше по повод Европскиот ден на заштитата на личните податоци беше Денот на отворени врати, 29 јануари 2007, кога сите заинтересирани граѓани можеа да ja посетат Дирекцијата и непосредно да се информираат за нејзината работа и за принципите на заштита на личните податоци. Покрај граѓаните, Дирекцијата ја посетија и групи на ученици од неколку скопски средни училишта како особено важна целна група.

Вработените низ презентации, одблиску ги запознаа младите со работата на Дирекцијата, со начинот на кој што е регулирана материјата за заштита на личните податоци во Република Македонија, но и на европско ниво.

Беа поделени и информативни материјали од областа на заштитата на личните податоци.

Поврзани натписи