Мени
Engage

ENGAGE – прва конференција за друштвени медиуми и активизам во Македонија

ENGAGE е конференција за друштвени медиуми и активизам која оваа година за прв пат ја организираат Младински образовен форум и Радио МОФ.

engageENGAGE се фокусира на позитивни искуства од истакнати активисти од Македонија и регионот кои го употребуваат интернетот како платформа за граѓанска мобилизација. ENGAGE се фокусира и на интеракција и дискусија со присутните гости на конференцијата, со единствена заедничка цел – заштита и промовирање на слободата на интернетот и јавниот простор.

ENGAGE се стреми да го подигне нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување во сферата на друштвените медиуми и физичкиот простор.

Меѓу говорниците на конференцијата има и претставник од Метаморфозис, г. Филип Стојановски, кој ќе одржи презентација за мрежата Глобални гласови (Global Voices). Global Voices е интернационална мрежа од блогери кои преведуваат, известуваат и ги бранат блоговите и граѓанските медиуми од целиот свет. Фондацијата Метаморфозис ги води македонската и албанската верзија на Global Voices.

Конференцијата ENGAGE ќе се одржи на 25ти февруари 2012 година, во киното Фросина во МКЦ.

Хаштаг: #engagemk

Поврзани натписи