Мени

Гугл го удвои бројот на индексираните страници

Според почетната страница на Гугл, бројот на индексираните страници е зголемен за двапати, од 4 на 8 милијарди…

По унапредувањето на конкурентските сервиси за пребарување и појавата на многу опасни играчи (Мајкрософт) во полето на глобалното пребарување, Гугл (Google) го подобри квалитетот на својот сервис за пребарување, којшто важи за еден од најпопуларните сервиси од ваков вид.

Според почетната страница на Гугл, бројот на индексираните страници е зголемен за двапати, од 4 на 8 милијарди. Со тоа се зголемува квалитетот на пребарувањето како и релевантноста на добиените резултати затоа што ќе се пребаруваат многу повеќе податоци на многу повеќе страници.

Поврзани натписи