Мени

ИКТ за општествени предизвици: нова публикација за истражувачки и иновациски проекти

Оваа брошура истакнува неколку од многуте иницијативи на ЕУ, како и ко-финансирани истражувачки и иновациски проекти кои се справуваат со општествените предизвици преку дигитални иновации, како што се подобра здравствена заштита, независно живеење за старите лица, обезбедување ефективни јавни услуги, заштеда на енергија, паметен транспорт, безбеден интернет, инклузија и зачувување на културното наследство.

Претставените политички активности и проекти ја илустрираат улогата што ИКТ ја игра во справувањето со општествените предизвици и како истражувањето и иновациите во областа на ИКТ резултираат со многу практични апликации кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот, ја поттикнуваат продуктивноста и конкурентноста и создаваат нови можности за граѓаните и компаниите од ЕУ.

Европската комисија, преку Дигиталната агенда за Европа и новата Програма на ЕУ за истражување и иновации H2020, ги поддржува иницијативите за ИКТ-политики и инвестира во истражување и развој во таа насока, за да овозможи револуционерни дигитални решенија за проблемите кои влијаат врз нашите граѓани и заедници.

Извор: Digital Agenda for Europe „ICT for Societal Challenges: new publication on research and innovation projects“ 12 април, 2013.

Поврзани натписи