Мени

Конференција „Блогоманија“

Блогоманија е регионална конференција посветена на блоговите и блогерите, која ќе се одржи од 7 до 9 декември на Стара планина. Конференцијата ќе ги собере на едно место најпопуларните блогери од Србија, а темата на првата Блогоманија ќе биде влијанието на блоговите и друштвените мрежи врз општествениот и политичкиот живот во Србија и регионот.

Целта на Блогоманија е да се воспостави комуникација меѓу регионалните заедници на блогерите и компаниите, државите, како и дијалог меѓу онлајн и офлајн медиумите. Идејата е на едно место да се соберат сите сегашни и идни блогери, за да се разменат и стекнат нови знаења за овој се помоќен медиумски канал кој го менува светот околу нас.

Агенда

Тридневната конференција започнува во петок, на 7 декември и ќе содржи голем број трибини, предавања и работилници. Во дискусиите ќе учествуваат најчитаните блогери од Србија и регионот, кои ќе говорат за состојбата во блогосферата и перспективите на блогирањето, како и за други популарни теми поврзани со блоговите.

Учесници

Зорана Јовановиќ (Србија), Нина Фичовиќ (Србија), Марко Ракар (Хрватска), Иван Димитријевиќ (Србија), Рони Кордиш (Словенија), Јелена Каракаш (Србија), Радомир Баца (Србија), Урош Недељковиќ (Србија), Немања Марас (Србија), Виктор Марковиќ (Србија), Драган Мочевиќ (Босна и Херцеговина), Исток Павловиќ (Србија), Милош Џајиќ (Србија), Иван Миниќ (Србија), Горан Магдиќ (Србија), Милоје Секулиќ (Србија), Марко Селаковиќ (Србија), Иван Зељковиќ (Србија), Иван Речевиќ (Србија), Горан Аничиќ (Србија), Иван Чосиќ (Србија), Веселин Јевросимовиќ (Србија), Дарко Булдиоски (Македонија), Петар Војиновиќ (Србија), Јована Катиќ (Србија ), Драган Варагиќ (Србија), Владимир Вулиќ (Црна Гора).

Регистрација

Конференцијата е бесплатна за сите учесници, а можно е и пријавување како предавач, со соодветна тема. Регистрирајте се овде.

Извор: ITdogadjaji.com „Blogomanija 07.12.2012. – 09.12.2012“

Поврзани натписи