Мени

Најди! претставен пред студенти и новинари

Пребарувачот Најди! беше претставен на Катедрата за е-бизнис при Економскиот Факултет во Скопје и во редакцијата на дневниот весник „Време“
На 29 декември 2005г., Петар Кајевски, креаторот на пребарувачот Најди! беше гостин на Катедрата за е-бизнис при Економскиот Факултет во Скопје и го презентираше пребарувачот. Главната цел на презентацијата беше да се објаснат е-бизнис принципи преку искуството со пребарувачот Најди!

На 4 јануари 2006г. Петар Кајевски беше гостин и во редакцијата на дневниот весник „Време“ каде што беше одржана обука наменета за новинарите (ppt., 641 КБ). Беше претставен пребарувачот Најди! и беа дадени корисни совети за полесно, поефикасно и оптимизирано пребарување на интернет.  

– Квалитетно и брзо наоѓање на информации, колку и да изгледа едноставно, всушност претставува сложен процес. Потребно е да се познаваат голем број на финеси, потребно е да се познава начинот на работа на пребарувачите за да се добијат точни и прецизни информации за многу кратко време. Токму тоа и беше целта на овие презентации – луѓето кои многу често ги користат пребарувачите максимално да ги оптимизираат своите пребарувања – изјави г. Кајевски.

Пребарувачот Најди! победи во категоријата е-Вклучување на националното натпреварување за Наградите за светскиот самит.

Поврзани натписи