Македонија
Конференција „Одржливост на новите медиуми“
25.04.2013
![]() |
![]() |
Live video from your Android device on Ustream
Во име на Организацискиот одбор, имаме чест да Ве поканиме да земете учество на меѓународната конференција “Одржливост на новите медиуми” која ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 11 мај.
Конференцијата ја организира Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, со цел да се придонесе кон зголемување на слободата на изразување преку помагање на медиумите од Македонија да се прилагодат на новите пазарни услови кои произлегуваат од дигиталната средина, преку пренос на знаења и меѓународни искуства на поле на развој на медиумите и отворени дискусии за регионалниот и локалниот контекст.
Настанот ќе започне со презентација на експерт од САД, г. Маркус Икстад, комерцијален директор во Streamworks Interactive и поранешен директор на продажба во Асошиејтид Прес (АП), кој ќе ги претстави тековните трендови и решенија од гледна точка на неговото 21-годишно деловно искуство во градење нови бизнис модели и нови искуства за корисниците.
Конференцијата ќе продолжи со Тркалезна маса за предизвиците и можните решенија во Македонија, со учество на претставници на клучните заинтересирани страни од бизнисот со нови медиуми, вклучително медиумски професионалци, претставници на маркетинг агенции и огласувачи, владиниот и граѓанскиот сектор.
Конференцијата ќе биде пренесувана во живо преку видео стриминг, со структурирани дискусии преку Твитер, Фејсбук и Пинг.мк.
Хаштаг: #медиуми или #mediumi
Бидејќи бројот на места е ограничен, Ве молиме да се регистрирате преку формуларот за регистрација пред 9 мај во 16.00 часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, обратете се на Тамара Ресавска, tamara_ET_metamorphosis.org.mk, тел. 02/3109 325.
9:30-10:00 |
Регистрација на учесниците на конференцијата и кафе за добредојде |
10:00-10:30 |
Почетна сесија |
10:30-12:00 |
Предизвиците за одржливоста на новите медиуми: Меѓународни искуства
|
12:00-12:30 |
Кафе пауза |
12:30-13:30 |
Тркалезна маса, Сесија 1: Модели за одржливост на нови медиуми – од гледна точка на креаторите на содржини Воведничари: |
13:30-14:30 |
Ручек |
14:30-15:30 |
Тркалезна маса, Сесија 2: Модели за одржливост на нови медиуми – од гледна точка на рекламните агенции/огласниците Воведничари: |
15:30-15:45 |
Кафе пауза |
15:45-16:30 |
Тркалезна маса, Сесија 3: Иновативно размислување – што треба да се направи |
16:30-17:00 |
Завршни забелешки и заклучоци |
Медиумски партнери
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Овој проект е делумно финансиран од грант на Амбасадата на САД. Мислењата, наодите, заклучоците или препораките објавени овде се сопственост на нивните автори и не ги претставуваат оние на Стејт департментот.

Маркус има 21-годишно искуство во бизнисот со медиуми – 5 години искуство како новинар и продуцент во Германија, а останатите 16 години на комерцијални позиции прво во AP, а потоа во Streamworks International, глобална компанија за стриминг којашто обезбедува извонредни доживувања со видео-пренос во реално време преку која било мрежа, до кој било уред, и е избраниот партнер за видео-пренос во реално време на некои од водечките новински организации во светот кои нудат видео-прилози.

Тони Габриќ е роден во 1961 година во Задар, Хрватска. Дипломирал во 1986 година на Филозофскиот факултет во Загреб, на отсеците за филозофија и фонетика.