Мени
openoffice.gif

Open Document Format изгласан од страна на ISO/IEC

На 1-ви мај во Женева Меѓународната организација за стандардизација го изгласа Open Document Format на OASIS за канцелариски апликации како стандард за зачувување на податоци во сите канцелариски апликации.

openoffice.gifНа 1-ви мај во Женева Меѓународната организација за стандардизација го изгласа Open Document Format на OASIS за канцелариски апликации или скратено ODF како стандард за зачувување на податоци во сите канцелариски апликации. Поточно, неговиот тековен статус е 40.60, но бидејќи пријавата е усвоена без негативни гласови, значи дека следната фаза е 40.99 и конечното усвојување како стандард е само формалност.

Ова е од огромно значење за широко прифаќање на ODF, а со тоа и на OpenOffice.org којшто се базира на него, од страна на владите во Европската унија.

OpenOffice.org е целосно преведен на македонски јазик, а македонската верзија за сите позначајни оперативни системи можете да ја преземете од тука.

Поврзани натписи