Мени
openoffice.gif

Опен Офис 2.0.1 на македонски

Канцеларискиот пакет Опен Офис 2.0.1 сега е официјално достапен и на македонски јазик
openoffice.gifКанцеларискиот пакет Опен Офис 2.0.1 сега е официјално достапен и на македонски јазик. Веста е објавена на веб-сајтот на ОпенОфис.орг, а за да ја преземете македонската верзија посетете ја страната со листата на локализирани пакети и од неа одберете македонски јазик во колоната под оперативниот систем што го користите.

Опен Офис беше локализиран за време на преведувачкиот маратон што се одржа од 17 до 19 септември 2005 година во организација на Слободен софтвер Македонија и Фондацијата Метаморфозис. Околу 70 волонтери непрекинато преведуваа 56 часа, а резултатот од нивната работа сега е достапен за сите.

Поврзани натписи