Мени
otvaranje-300x199

Отворање на конференцијата POINT

На отворањето на конференцијата POINT, во име на организаторите ќе говорат Дарко Бркан од граѓанското здружение „Зошто не?“ (БиХ), Марко Живковиќ од CRTA (Србија) и Елена Игнатова од Метаморфозис (Македонија).

Тие накратко ќе ги презентираат информациите за идеите кои доведоа до реализирање на конференцијата POINT и ќе одржат кратки презентации за своите организации.

otvaranje-300x199
Граѓанското здружение „Зошто не?“, CRTA и Метаморфозис имаат долгогодишна соработка на разни регионални проекти во врска со одговорноста на политичките субјекти и го реализираат проектот „Вистиномер“ во нивните земји (istinomer.rs, istinomjer.ba, vistinomer.mk). Може да дознаете повеќе за „Вистиномер“ преку презентацијата на тема „Мерење на вистината на Балканот – Вистиномер”.

Извор: Веб-сајт на конференцијата POINT, 16 февруари, 2012.

Поврзани натписи