Мени

Хрватска: Работилница за клучни прашања околу системот за управување со електричен и електронски отпад

Како дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, НВО Еко Кварнер од Хрватска организира национална работилница на 28 јануари, 2012 г., во Супетар, на островот Брач во Хрватска.

Целта на работилницата е пренос на знаењата и научените лекции од Европската унија за заинтересираните организации да ги стекнат знаењата потребни за јавно застапување во областа на подобрување на системот за управување со е-отпад во Хрватска.

Учесниците на работилницата:

  • Ќе дознаат повеќе за некои од клучните прашања во врска со е-отпадот и ќе можат тоа да им го пренесат на членовите на нивните организации и нивната локална заедница
  • Ќе научат некои од пристапите за управување со е-отпадот, вклучувајќи ја и Директивата за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE)
  • Ќе дознаат како резултатите од националното истражување за статусот на системот за управување со е-отпад може да се користат за јавно застапување
  • Ќе добијат информации за релевантни ресурси како што се разни прирачници и презентации

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад (BEWMAN) e двегодишен проект инициран и воден од Фондацијата Метаморфозис и кофинансиран од Европската Унија преку ИПА со цел придонесување кон подобрување на законската и институционалната рамка за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, во согласност со релевантните ЕУ директиви и стандарди.

Поврзани натписи