Мени

Советот на Европа ќе ја поддржи неутралноста на интернетот

Надоврзувајќи се на Декларацијата на Комитетот на министри за неутралност на интернетот, како и на спроведувањето на стратегијата за интернет владеење 2012-2015, на 29-30 мај, 2013 година Советот на Европа организираше дијалог на повеќе засегнати страни околу неутралноста на интернетот и човековите права.

Врз основа на концепт-документот, во кој беше вклучена рамката за модел за неутралност на интернетот, дебатата започна со 2 воведни интервенции: една од Крис Марсден, професор на Универзитетот во Сасекс кој презентираше преглед на историјата на неутралноста на европскиот интернет и човекови права и втората од Џо Мекнејми од ЕДРи кој нагласи зошто денес е потребен регулаторен пристап на оваа тема. Тој исто така објасни зошто корисниците на интернет не сакале интернетот да биде како неуспешниот француски систем Minitel кој работеше добро и беше многу безбеден, но му недостигаа иновации.

Следните два панели се фокусираа на прашањата за неутралност на интернетот и на слободата на изразување и приватноста, а следниот ден беше наменет за споделување на искуствата од земјите, со презентации на модели во Холандија, Словенија и Норвешка, како и за мислења од приватниот сектор.

Претставникот на Европскиот супервизор за заштита на податоци Аким Клабунд ги потсети учесниците дека следењето на содржината на пакетите (на пр. преку темелна инспекција на пакетите сообраќај – DPI) се повредува правото на приватност и потребна е „изречна согласност“ за да се следи сообраќајот од страна на интернет-провајдерите.

Претставникот на Skype, Жан-Жак Сахел објасни дека со цел да се блокира оваа VoIP-услуга треба да се користи DPI, бидејќи апликацијата може да користи различни порти.

Фроде Соренсен од норвешкиот орган за пошта и телекомуникации ги истакна главните проблеми на ко-регулаторниот пристап кон неутралноста на интернетот што го усвоија во 2006 година. Тој објасни дека нема доволно транспарентност и дека, дури и во нивниот случај, „ќе се земат предвид регулаторни мерки ако доброволниот договор се покаже како недоволен“.

Во текот на панелот за приватниот сектор беа претставени различни мислења од претставникот на Дојче Телеком кој тврдеше дека нивните податочни ограничувања биле погрешно разбрани и дека тие „немаат DPI во нивната фиксна мрежа“, додека претставникот на Skype беше многу директен во својот заклучок: „Постои систематски неуспех во европскиот пазар за пристап до мобилен интернет“.

Документот со резултатите од главните теми на дискусија ќе биде пренесен до претставниците на 47 земји-членки во Управниот комитет на Советот на Европа за медиуми и информатичко општество (CDMSI) за да се разгледа и да се предложат натамошни мерки.

Извор: ЕДРИ-грам „Council of Europe to step up for Net Neutrality“ бр. 11.11

Поврзани натписи