Мени
advoxAntiCencorship

Светски ден против цензурата на интернет

12-ти март е Светскиот ден против цензурата на интернет. Меѓународната група за застапување на слободата на печатот „Репортери без граници“ го организираше првиот Светски ден против цензурата на интернет во 2008 година, повикувајќи активисти, движења и организации од целиот свет да учествуваат потсетувајќи ги нивните членови за важноста на заштитата на слободата на изразување на интернет.

advoxAntiCencorshipИнтернетот и друштвените мрежи се моќни алатки за протести, кампањи и за распространување информации, но и како средства за унапредување на човековите права и демократските вредности. Целта на овој ден е да се бранат човековите права на интернет, да се промовира пристапот до интернет за сите и да се откриваат непријателите на отвореноста на интернетот  – заедно со владите кои постепено преземаат сè поголема контрола врз тоа како нивните граѓани го користат интернетот.

Репортери без граници ќе го одбележи денот објавувајќи го својот годишен извештај „Непријателите на интернетот“ во 12:01ч. (Централно европско време) на 12-ти март, 2013. Овогодишниот извештај се фокусира на надзорот на интернет и не ги опфаќа само активностите на владите со репресивни режими за надзор на интернетот, туку ја испитува и улогата на компаниите во оваа област.

Египетското здружение за слобода на мислата и изразувањето го објави следново видео [арапски], повикувајќи ги активистите и блогерите да блогираат, да објавуваат твитови и да ја споделат информацијата за денот:

Нивниот оригинален напис за денот можете да го погледнете [арапски] тука.

Знаеме дека и други групи активно учествуваат во денот. Ве молиме поставувајте коментари тука или твитови на @Advox и информирајте ја заедницата за тоа како го одбележувате Светскиот ден против цензурата на интернет!

Извор: Global Voices Advocacy: „World Day Against Cyber Censorship“ 12-ти март, 2013.

Поврзани натписи