Мени
fp.jpg

Веб-сајт изработен од македонски средношколци ја освои наградата „Врати кон дипломатијата 2006“

Веб-сајт изработен од тим од четворица ученици од средното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Делчево ја освои наградата „Врати кон дипломатијата 2006“ што ја доделуваат Министерството за надворешни работи на САД и Global SchoolNet

fp.jpg

Веб-сајт изработен од тим од четворица ученици од средното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Делчево ја освои наградата „Врати кон дипломатијата 2006“ што ја доделуваат Министерството за надворешни работи на САД и фондацијата Global SchoolNet. Наградата се доделува на сајтови кои најдобро ја илустрираат важноста на меѓународните односи и дипломатијата.

Жири-комисијата составена од тим на судии од секторите за односи со јавност и образование и култура од Министерството за надворешни работи на САД избра два веб-сајта и тоа сајтот „Борба против сиромаштијата“ изработен од македонските средношколци и сајтот „Златни мостови“ изработен од виртуелното училиште во Орландо, САД.

Веб-сајтот изработен од македонските средношколци е посветен на борбата против сиромаштијата. Тој ја обработува сиромаштијата меѓу децата и начините на кои меѓународните односи можат да помогнат во решавање на проблемите кои придонесуваат за нејзино појавување.

Оваа година за наградата Врати кон дипломатијата 2006 се натпреваруваа 305 тимови на средношколци на возраст меѓу 15 и 18 години. Секој член на победничкиот тим ќе биде награден со стипендија од 2.000 американски долари.

На следниот линк можете да добиете подетални информации за македонскиот тим и нивниот проект.

Поврзани натписи