Австриската работна група против задржување податоци (Arbeitskreis Vorratsdaten – AKVorrat.at) на 14 декември поднесе петиција до австрискиот парламент, барајќи владата да биде обврзана да се ангажира против Директивата за задржување податоци на ниво на ЕУ и да го оцени постојното анти-терористичко законодавство.
Шест години откако Директивата за задржување податоци се усвои во Европскиот парламент, но само неколку месеци откако беше транспонирана во националното законодавство, активистите на AKVorrat поднесоа петиција со 4,471 потписи до потпретседателот на австрискиот парламент, Сузан Јанистин.
Австрискиот парламент неодамна воведе можност за потпишување петиции преку интернет на својот веб-сајт, откако тие успешно ќе се поднесат во писмена форма. Затоа, денешниот настан во Собранието само ја одбележува среднорочната цел за AKVorrat. Почнувајќи од понеделник следната недела ќе започне широка кампања преку интернет за да се постигне целта од 10,000 потписи собрани преку интернет. Австриските граѓани, почнувајќи од возраста од 16 години имаат право да потпишуваат петиции на веб-сајтот на Собранието.
Додека задржувањето податоци е најистакнатото прашање во кампањата, петицијата исто така е насочена кон огромниот број закони спроведени под изговорот – борба против тероризмот. Затоа, од австрискиот парламент се бара да ги преиспита сите овие закони и да ги укине, ако се утврди дека се непропорционални или неопходни во едно демократско општество.
Само во април оваа година Директивата за задржување податоци беше транспонирана во државниот австриски закон, кој ќе стапи на сила на 1 април 2012 г. Од овој датум па натаму, австриските граѓани ќе имаат можност да поднесуваат претставки против овој закон до Уставниот суд на Австрија. AKVorrat е посветена максимално да ја искористи оваа можност.
- The Austrian Working Group to abolish the EU data retention directive visits the vice-director of the Parliament Susanne Janistyn
- EDRi-gram 9.9:Data Retention has arrived in Austria (4.05.2011)
Извор: ЕДРИ-грам „Austria: Petition against Data Retention Directive“ бр. 9.24, 14 декември, 2011.



