Се зголемува бројот на училишта во Австрија што планираат да користат или веќе користат софтвер со отворен код, тврдат училишните ИТ администратори и програмерите на софтвер со отворен код во образованието.
На пример, бројот на училиштата што користат LinuxAdvanced, базиран на Debian Linux, „полека продолжува да се зголемува“, вели Рене Шварцингер, еден од програмерите на Linux дистрибуцијата прилагодена за користење од страна на училиштата.
Тој вели дека е тешко да се добијат прецизни податоци за употребата бидејќи софтверот може бесплатно да се презема од интернет. Сепак, листата на училишта кои се знае дека избрале оперативен систем со отворен код се проширува: „Знаеме дека едно училиште во градот Велс користи Linux на нетбук компјутерите, а училиштата во градовите Амстетен и Тулн го користат на нивните часови по информатика“.
Овој септември, едно училиште во градот Нојленгбах ќе започне да го користи LinuxAdvanced наменет за сите ученици и наставници, како замена на друг неслободен оперативен систем. Училиште во Spittal an der Drau премина на користење LinuxAdvanced на часовите во компјутерската лабораторија. Училиште во Lauterach делумно користи LinuxAdvanced, а училиште во Zwettl го користеше за да создаде своја сопствена дистрибуција.
Верзијата 10.0 на LinuxAdvanced беше објавена на 28 јуни. Вклучува LinuxAdvanced наставен систем, нудејќи им на наставниците по информатика алатка за управување на часовите, како и за управување со компјутерите.
Шварцингер смета дека училиштата во Австрија сè повеќе се ориентираат кон ОпенОфис. Австриското министерство за образование го поддржува овој потег, плаќајќи им на училиштата 10 евра за секој компјутер што го користи овој пакет на алатки за канцелариска работа базирани на слободен софтвер.
Извор: OSOR.eu “AT: Increasing number of schools turn to open source”



