ЕДРИ неодамна промовираше брошура која ги опфаќа предизвиците за авторските права во дигиталната околина.

Во изминатите дванаесет години, Европската унија дискутираше како да се поддржи, развие и заштити создавањето во дигитално опкружување. Пред два месеци, Колеџот за комесари потврди дека е потребно авторските права „да останат погодни за намената“ во дигиталната економија.

Досега, фокусот беше на спроведувањето на постојните законски норми, не само во рамки на владеењето на правото, но и во однос на приватното регулирање преку интернет-провајдерите. Но и покрај сите овие напори, сè уште постои сèприсутниот недостаток на почитување на авторските права.

Во брошурата се опфатени причините за оваа длабока празнина што се појави меѓу граѓаните и законот. По краткиот вовед во логиката зад доделувањето монополски права, брошурата наведува и некои причини кои доведуваат до тешкотии во почитувањето на законот за авторски права, од прекумерни казни за прекршување на законот, до законски заштитени ограничувања на правата на граѓаните за користење дигитални производи за кои платиле. Потоа се фокусира на влијанието на строгите и застарени закони за авторски права врз легитимните компании. Конечно, се разгледува широкиот спектар прекумерни мерки за спроведување кои го нагласуваат влошувањето на состојбата со авторските права, што води до неразумни и погрешни практики.

Накратко, оваа брошура претставува поедноставен преглед на тешкотиите со кои се соочува јавната поддршка на авторските права. ЕДРи се надева дека ќе има позитивно влијание врз тековната дебата за потребата од реформирање на Законот за авторски права и за адаптација на постојниот систем кон дигиталното доба, овозможувајќи остварување на единствениот дигитален пазар, отстранување на постојните бариери и подобар пристап на граѓаните до нивната култура.

Извор: ЕДРИ-грам „Copyright: challenges of the digital era“ бр. 11.3, 13 февруари, 2013.