БарКемп е единствена меѓународна конференција за експерти за нови медиуми. Се одржува за прв пат во балтичките земји и не постои сличен настан во регионот. Се работи за конференција посветена на нови медиуми и интернет, блогови, подкастинг, општествени мрежи, развој на веб проекти, Веб 2.0 итн.
БарКемп Балтикс 2008 е еден од најголемите настани на годината посветени на новите медиуми во Источна и Централна Европа. На настанот ќе присуствуваат повеќе од 300 учесници заинтересирани за новите медиуми, блогови, општествен софтвер, итн. Сите тие ќе бидат во Рига од 8 до 10 февруари, 2008 г., за да се запознаат, претстават, дискутираат. Настанот ќе биде во вид на интерактивна конференција, со трибина за размена на знаења .

Веб-страницата на настанот е www.barcamp.lv,  додека општествената мрежа на настанот можете да ја најдете на http://network.barcamp.lv
Ќе биде обезбедена финансиска поддршка за учесниците од земјите во развој. Главните работни јазици ќе бидат руски и англиски.Се надеваме дека ќе ја пренесете оваа информација до вашите соработници – новинари, блогери или активисти.