Белоруската КГБ уапсила американски специјалист за интернет поради наводна злоупотреба на фондови.
Белоруската КГБ уапсила американски специјалист за интернет поради наводна злоупотреба на фондови. Илија Мафтер бил вработен во Институтот отворено општество, основан од донаторот Џорџ Сорос, и бил советник на Програмата за развој на ОН во Белорусија.
Портпаролот на Институтот отворено општество, Лора Силбер, во Њујорк изјавила дека повеќе од една деценија Мафтер помагал во градењето на инфраструктурата во Белорусија, Русија, Кавказ и Централна Азија.
Како што јавува украинската новинска агенција Интерфакс Леонид Јерин, претседателот на КГБ, во главниот град на Белорусија, Минск, изјавил дека Мафтер бил уапсен поради „крадење на дел од парите кои му биле доверени“. Тој додал дека Мафтер наводно извршил измама против белорускиот мобилен оператор Велком (Velcom).