Како што се приближуваат изборите во Белорусија, независните или про-опозициските новинари и корисници на интернет се под притисок од белоруските власти, но одат и во затвор.
„Повикот на некои опозициски фигури за бојкотирање на изборите е дел од долгиот список со забранети активности. Оние кои спомнуваат бојкот, како што се опозициските групи на друштвените мрежи, веднаш се санкционираат. Илузорно е да се зборува за слободни избори во едно такво медиумско опкружување“, соопшти Репортери без граници.
Според соопштението на групата за човекови права Viasna на 31-ви август, мобилниот оператор BelCel го блокираше пристапот до про-опозициските сајтови за вести Charter97 и BelPartizan.
Државната комисија за безбедност уапси повеќе модератори на интернет-заедниците кои беа испрашувани и тепани, становите им беа претресувани, а лаптопите конфискувани. Павел Јуцикије, еден од модераторите на групата „Доста ни е од Лукашенко“ на руската друштвена мрежа VKontake, доби петдневна затворска казна од окружниот суд Кастричницки во Минск на 31 август под обвинение за нарушување на јавниот ред, а Андреј Ткачу, администраторот на групата Only SHOS, беше осуден на седум дена затвор за истото. Властите упаднаа и во две групи за дискусија на интернет, добивајќи ги имињата на нивните модератори и администратори и отстранија голем дел од содржината на овие групи. Групата „Доста ни е од Лукашенко“ сега е контролирана од Државата комисија за безбедност откако беше мета на хакерски напад, избришана и обновена. Тајните служби не бришат информации од заедницата, туку објавуваат клевети против администраторите на групата.
ОБСЕ повторно покажа длабока загриженост во врска со ситуацијата во Белорусија. „Постојано апелирав до белоруските власти да престанат да ги прогонуваат новинарите и блогерите. За жал, последните апсења и претреси во Минск и на други места во земјата покажуваат дека продолжуваат напорите за замолчување на спротивставените гласови и за спрегнување на слободата на изразување на интернет“, соопшти претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, која додаде: „Белоруските власти користат такви обвиненија за да ги контролираат медиумите и интернет-заедниците. Апсењата се удар врз слободата на изразување и се косат со начелата на ОБСЕ кои Белорусија се заложи дека ќе ги почитува“.
- Opposition journalists and cyber-dissidents hounded in run-up to election (3.09.2012)
- OSCE Press Release – OSCE media freedom representative concerned by arrest of social media activists in Belarus (4.09.2012)
- KGB continues crackdown on social network groups (4.09.2012)
- Crackdown on social networks: interrogations, searches, arrests (31.08.2012)
Извор: ЕДРИ-грам „Belarusian authorities harass online opposition groups“ бр. 10.17, 12 септември, 2012