ACTA – Активни граѓани преземаат акција

UntitledПроектот ги обединува граѓаните активни во младинските организации и невладините организации активни на интернет од различни европски земји за да дискутираат за авторските права, пиратеријата и приватноста на интернет, ефективноста и етиката на движењето Anonymous; да го анализираат учеството на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки за ACTA на национално и европско ниво, да истражуваат и да дознаат како да влијаат на националните парламенти и на Европскиот парламент во однос на политиките и законодавството.

Сакаме да поттикнеме акција, дебатирање и размислување за учеството на европските граѓани и демократијата, со анализирање на ACTA и сродни прашања. Клучни начела на проектот ќе бидат поттикнување интеракција меѓу граѓаните и граѓанските организации од сите земји-учеснички, дискусии, размена на мислења и претставување на мислењето на граѓаните и резултатите од проектот пред релевантните носители на одлуки на локално, национално и на ниво на ЕУ.

Проектот е амбициозен и се стреми да им овозможи на граѓаните да играат целосна улога во демократскиот живот на ЕУ. За да се постигнат горенаведените цели ќе се организираат два меѓународни настани (секој со повеќе од 120 учесници од 7 земји и 14 партнерски организации); едниот во ноември во Крањска гора/Љубљана, а другиот во март во Марибор, најмалку 10 јавни дебати во различни средини и земји; специјална повеќејазична веб-локација и други алатки за комуникација преку интернет; прирачник со презентациите и трудовите за ACTA и ДВД со видео материјал.

Од една страна, проектните активности се стремат да им овозможат на учесниците да практикуваат европско граѓанство и да станат активни граѓани во нивната околина, нудејќи им знаење, информации и вештини за организирање, спроведување и учествување во разни видови јавни дискусии и други акции на интернет, а од друга страна ќе им се обезбеди знаење и разбирање на стратегиите за граѓанско учество, комуникацијата со носителите на одлуки, важноста, контроверзноста, дилемите околу прашањата поврзани со ACTA и потребата од изнаоѓање решение прифатливо за граѓаните, владите и корпорациите.

Untitled1

Проектот е поддржан од Европската Унија, Програма Европа за граѓаните, Акција 2 – Активно граѓанско општество во Европа, Мерка 3 – Поддршка на проекти иницирани од граѓански организации. Водечки партнер е Za in proti, zavod za kulturo dialoga од Словенија, www.zainproti.com.

 

Партнери

од Словенија INEPA – Inštitut za elektronsko participacijo, www.inepa.si, Studio 12, www.studio12.si, Dobrodelni klub Leo klub Murska Sobota, Društvo uporabnikov Linuxa Slovenija, http://www.lugos.si; Klub evropskih študentov; Zavod za študentske kulturne dejavnosti študentske organizacije, www.kiberpipa.org;

– од Хрватска: Splitska debatna unija in HERMES – Hrvatska edukacijska i razvojna mreža za evolucijo sporazumevanja, www.facebook.com/HERMES.CommuniAction;
– од Португалија: Sociedade de Debates da Universidade do Porto, www.sdd.up.pt;
– од Македонија: Metamorphosis, Foundation for Internet and Society,www.metamorphosis.org.mk;
– од Романија: ARDOR Muntenia;
– од Литванија: Educational Debate Centre, http://www.debate.lt;
– од Латвија: Riga Student Association, http://www.sserigads.com

Назад кон Друштвени медиуми

Сподели:

27885
meta tim sliki-02.jpg

Bitsia

Bistsia

Profession Test / Test

Останати блог текстови

Регионална анализа за ефектите од ковид-19 врз медиумите од Западен Балкан

25.01.2021

Пандемијата на ковид -19 предизвика промена во начинот на работа на новинарите и генерално на медиумите. Сепак, во зависност од контекстот во секоја држава посебно, може да се забележи дека пандемијата има различно влијание врз новинарската професија. Оваа регионална анализа ги презентира наодите од 10 интервјуа спроведени со новинари од четири земји во регионот: Босна […]

Кит Браун: Критичкото мислење бара најпрво да ги земеме предвид нашите сопствени предрасуди и незнаење

25.01.2021

„Балканската историја е обликувана од територијалните амбиции и спорови од последните сто години, со што е настаната ситуација на ‘нулта сума’ – поим од теоријата на игри, кој подразбира дека ако едниот играч добива, друиот автоматски мора да изгуби“, вели проф. д-р Кит Браун во интервју за „Критинк“ кое „Мета“ го пренесува во целост. Во интерјвуто, покрај другото, Браун зборува за улогата на критичкото мислење во науката и, особено, во изучувањето на историјата.

Анализа: Во ИТ секторот јазот меѓу мажите и жените скоро и да не постои

15.10.2020

За разлика од другите сектори во македонската економија, ИТ секторот се истакнува со тоа што јазот меѓу мажите и жените е скоро непостоечки. Во некои струки од индустријата, како на пример, дигитален маркетинг, односот е 55,56 отсто жени наспроти 44,44 отсто мажи. Низ текот на годините расте и бројот на дипломирани жени во формалното образование. […]