Алити: Наш приоритет е реформа на администрацијата и дигитализација на услугите во РСМ

Фото: Порталб.мк

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, во интервју за Порталб.мк, зборува за процесот на реформа на јавната администрација во Северна Македонија. Вели дека главен приоритет како министерство е дигитализацијата на услугите но и донесување на некои закони кои ќе овозможат поефикасна реорганизација на администрацијата.

Што се случува со процесот на реорганизација на администрацијата? Тоа е процес кој се одолговлекува повеќе од две години. Каков е планот за институциите што ќе се спојат?

Точно е дека има Закон за реорганизација на институциите, а истиот не е променет од 1991 година кога е создаден. Ова е една од причините поради која овој закон треба да се менува, но главната причина за негова промена е фактот што во Северна Македонија имаме две-три институции кои вршат иста дејност. Исто така, според анализите, имаме институции кои не му носат никаква додадена вредност на системот на администрацијата. Идејата на овој закон е институциите со слична дејност да се спојат во една и да се укинат институциите кои во системот на администрацијата се ирелевантни. Како министерство подготвивме предлог-закон и информацијата за истиот ја усвоивме пред еден месец во владина седница. Според планот, сега во следните два-три месеци ќе имаме јавни дебати, ќе има некакви измени што би можеле да ни дојдат од други институции, главно од министерствата бидејќи идејата е сите институции да бидат под министерството кое ги креира законите за таа институција. Планот е, до крајот на јули законот да се достави во Собранието, а потоа ќе им остане на пратениците да го донесат законот.

Каде можеме да го видиме планот за оваа реорганизација, дали е јавно достапен?

Се надеваме дека, во однос на роковите за тоа кога ќе се одржат дискусиите и во однос на материјалот што го создадовме досега, ќе го објавиме за две недели и дека сè ќе биде јавно и транспарентно со цел да имаме најдобар фидбек од сите засегнати страни.

Зошто сè уште не се дигитализирани матичните книги?

Управата за водење на матичните книги е независна, но ова прашање е релевантно. Матичните книги требаше да се дигитализираат, но не се, а има две главни причини за тоа. Првата е дека имаме нормативни конфликти во македонското законодавство, односно често имаме случаи кога еден закон се толкува како спротивно на друг закон и тоа честопати беше причина поради која некои проекти за дигитализација беа стопирани. Затоа, ние како Влада работиме да ги најдеме сите такви закони и да ги усогласиме меѓу себе. Втората причина е што, и како Влада и како институција како што е Управата за матични книги, досега не е работено доволно на дигитализацијата. Добра вест е дека сегашното раководство на Управата за водење матични книги е фокусирано на дигитализацијата. Ние како министерство, како компонента за охрабрување и поддржување на другите институции за дигитализација, остваривме две средби со раководството и формиравме работна група во која на оперативно ниво ангажиравме вработени од нашето министерство и од оваа управа, кои заедно работат на составување на план за тоа кои се главните услуги што треба да се дигитализираат и да се постави временска рамка кога тоа може да се постигне.

Да, која е таа временска рамка?

Досега, со директорот на Управата за водење на матичните книги, се договоривме да направиме краткорочен план, односно до крајот на оваа година да имаме некои приоритетни и долгорочни услуги за следните две-три години. До крајот на годинава очекуваме да дигитализираме дел од услугите кои граѓаните ги користат најмногу во Управата за водење на матичните книги. Но, денес не би сакал да шпекулирам за која услуга се работи, токму затоа што имаме случај на различни толкувања на закони каде услугата не смее да се дигитализира затоа што прекршува друг закон. Паралелно ја анализираме и регулативата и техничкиот аспект.

И покрај големите ветувања за ефикасност на администрацијата, граѓаните се уште талкаат по шалтерите и се соочуваат со бирократски апсурди. Што правите вие ​​како министерство за да го решите ова прашање освен што ги анализирате законите?

Ефикасноста на администрацијата е широк концепт и за да се направат широки системски промени, мислиме дека треба да се работи од различни нивоа. Она што ние како министерство треба да го направиме е да ги донесеме начелно неопходните закони кои ќе создадат механизми за администрацијата за таа да биде што поефикасна. Годинава, покрај Законот за реорганизација на институциите, го имаме и Законот за врвен менаџмент, односно за тоа како се избираат директорите или првите луѓе на институциите, бидејќи тоа е често една од причините поради која некоја институција е ефикасна или не. Идејата е со законот што го предложивме политиката да нема право да именува директори, односно ниту владата ниту парламентот.

Го подготвуваме и законот за административните службеници каде дел од законот е и начинот на вработување во јавната администрација. Знаеме дека во последните децении во Македонија типични случаи на вработување во администрацијата се случаите кога одредена политичка партија определува кој треба да се вработи и да не се користи механизмот на меритократија. Она на што работиме со овој закон е да утврдиме политичките партии да не може да се мешаат при вработување.

Другата компонента која би помогнала во ефикасноста и транспарентноста на администрацијата е дефинитивно работата на дигитализација. Прекумерната бирократија во институциите ги прави процесите во нив многу бавни и да нема никаква одговорност. Сметаме дека со дигитализација на процесите, доколку има доцнења и неефикасности, ќе ни биде многу полесно да утврдиме каде е проблемот и раководството на соодветната институција полесно ќе знае како да ги реши дефектите во институцијата. Доколку овие два процеса се развијат правилно, значително ќе ја подобрат ефикасноста во јавната администрација.

За Законот за административни службеници се зборува одамна, и тоа од двајца министри пред вас, но имплементација нема. Зошто мислите дека сега нема да се случи истото?

Не би сакал да зборувам за причините поради кои моите претходници не ги донеле овие закони, бидејќи секако ги немам сите информации. Но, сакам да кажам дека за вакви закони и за дигитализација во контекст на административна транспарентност, обично главно прашање е политичката волја. Она што сега можам да го потврдам е дека и ние како министерство и актуелната влада ја имаме потребната политичка волја да преземеме конкретни чекори за зголемување на ефикасноста на јавната администрација и да донесеме закони кои можеби не се политички добредојдени на краток рок, но долгорочно ќе бидат во корист на државата и граѓаните.

Кога ќе се формира Дигитална агенција?

И за ова прашање се разговара со години. Формиравме работна група која ја анализира досегашната документација од двајцата претходни министри. Паралелно го анализираме создавањето на дигитални агенции во различни земји кои се успешни за да видиме како ќе може да се создаде Дигитална агенција во Македонија која ќе биде ефикасна. Има различни модели и ние анализираме кој модел ќе биде најдобар за нашата земја. Процесот е во тек, но немам одреден рок. За неколку месеци ќе имаме попрецизен одговор за роковите. Сакаме во моментот кога ќе одлучиме како да направиме Дигитална агенција да бидеме сигурни дека тоа е најдобриот начин да го направиме тоа.

Дали се планира да се инсталираат нови услуги на порталот „Е-услуги“?

Пред да бидам назначен за министер биле направени некои планови. Она што го правиме е дека повторно ги разгледуваме тие планови. Сметаме дека е подобро да се даваат помалку услуги, но тие кои се најупотребливи за граѓаните, отколку да се фокусираме на квантитет, па да даваме над илјада услуги, но нивната употреба да е мала. Дополнително, ќе работиме на промовирање на овие услуги, со цел што поголем број граѓани да знаат дека услугите постојат и да можат да им го олеснат животот во комуникацијата со државните институции.

Можете ли да ни го кажете бројот на вработените во администрацијата заедно со привремените вработувања преку Агенцијата за привремени вработувања, главно во општините?

Податоците ги имаме и вкупниот број на вработени во јавниот сектор го објавивме. Овие бројки ги немам сега пред мене, но можам да ви ги испратам подоцна. Бројот на вработени во државната администрација, односно само во министерствата и централните институции е околу 14 илјади. Таму има намалување и работиме да ги задржиме најдобрите работници во администрацијата.

Кој е проектот или иницијативата на кои ќе им дадете приоритет за време на вашиот министерски мандат? Кажете ни еден?

Приоритет е дигитализацијата, но како ќе го направиме тоа најдобро, верувам дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се изработи конкретен проект кон тоа што целиме. Дигитализација во смисла на дигитализација на процесите во јавната администрација, со цел да ја направиме што поефикасна, за да државата биде колку што е можно способна што поблиску до граѓаните.

Можеме ли да имаме дигитален идентитет и во Македонија? Можеме ли да се надеваме дека ќе го придвижите овој процес за да имаме и ние дигитални лични карти како во Естонија?

Ова е дефинитивно една од најверојатните опции, но тоа значи дека заедно со нас треба да бидат и сите други ресори, треба да имаме владин консензус за ова. Ние сме во процес на комуникација за оваа идеја со нашите колеги министри и со премиерот. Дигиталната картичка е една од најдобрите варијанти, како што покажува случајот со Естонија, и таа е основа за понатамошна дигитализација на другите процеси во иднина.

Сподели:

34144
meta tim sliki-02.jpg

Елида

Зулбеари

Раководител на проект

Останати блог текстови

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]

Заштита на вашиот дигитален идентитет: Важноста на „сајбер хигиената“

25.04.2023

Во денешното дигитално доба, поважно е од кога било да преземете чекори за да се заштитите од сајбер заканите. Од вируси и малициозен софтвер па сѐ до измами со фишинг и кражба на идентитет, има многу ризици кои можат да ги компромитираат вашите лични информации и да направат хаос на вашите уреди. Затоа практикувањето добра […]

Комуникација со граѓаните за дигиталната трансформација– важен придонес за премостување на јазот

24.04.2023

Дигиталната трансформација ги менува нашите животи на начини што не можевме да ги замислиме дури ни пред неколку децении. Таа донесе нови можности и предизвици и го трансформира начинот на кој живееме, работиме и комуницираме меѓусебно. Сепак, комуникацијата со граѓаните за дигиталната трансформација може да биде предизвик, особено на Западен Балкан, каде што сè уште […]

Институциите како причина за нарушувања на приватноста во медиумите

19.04.2023

Дури и ако надлежните државни органи откријат приватни податоци на сторител или жртвата, медиумите не смеат да ги пренесуваат тие информации. Грешка од страна на државните органи не значи „дозвола“ за прекршување на етичките начела на професијата. Ова го вели Етичкиот кодекс на српските новинари, но медиумската практика често е сосема поинаква. Зошто е тоа […]

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош - Мета.мк Новинска агенција

10.04.2023

Дигиталниот асистент „АДА“; Фото: Влада на РСМ Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по […]

Употребата на вештачката интелигенција во државните институции е корисна, но опасна е ако се злоупотреби - Мета.мк Новинска агенција

09.04.2023

Фото: Pixabay.com Користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките. Ова го велат експертите за влијанието на вештачката интелигенција доколку се користи од […]