Е-учество: Омоќување на гласот на граѓаните во дигиталниот простор

Учеството на граѓаните е еден од клучните механизми за обезбедување демократија во секое општество. Според Истражувањето за основната состојбата на развој на е-влада и дигиталната писменост во целните земји од Западен Балкан до 2020 година, учеството на граѓаните е регулирано и практикувано во сите земји од Западен Балкан, но нивото на ангажман на граѓаните е низок, и механизмите за е-учество не се целосно ставени во употреба.

Учество и е-учество

Чувството да се биде дел од заедницата, а истовремено да се бараат подобри и поквалитетни владини услуги е една од главните причини зошто учеството на граѓаните е од суштинско значење за поттикнување на граѓанска држава и толерантно општество.

Во дефиницијата од извештајот на ОЕЦД, се тврди дека „демократското политичко учество мора да ги вклучи начините да се биде информиран, механизмите за учество во одлучувањето и способноста да се придонесе и да се влијае на агендата на политиките“. Во оваа смисла, граѓаните треба да се доживуваат како партнери на државите кога станува збор за создавање поздрава и поинклузивна средина, но тоа значи и споделување на одговорноста за нејзиниот развој.

Очигледно е и дека дигиталното стана „новото нормално“ за многумина. Особено затоа што сè уште сме под влијание на пандемијата, а најголемиот дел од нашите животни и работни задачи ги имаме во хибриден режим – и во живо и онлајн. Од друга страна, живееме во ера на социјални медиуми. Преку нив добиваме огромна количина на информации за владата и владеењето во нашите земји. Прашањата за ниската информациска и медиумска писменост веќе се покренати во Западен Балкан и тие директно влијаат на довербата и подготвеноста на граѓаните да се ангажираат и да бараат промени на сегашниот систем во нивните земји.

Кога станува збор за е-учество, според А. Мекинтош, зборуваме за ИКТ-поддржано учество во процеси како администрација, испорака на услуги, одлучување и креирање политики. За да поедноставиме, зборуваме за дигитални алатки. Овие алатки ќе ни овозможат да придонесеме во процесите на донесување одлуки и да бараме подобрувања во нашата населба, нашиот град или целата земја.

Алатките за е-учество треба да бидат достапни за секој граѓанин. Тие треба да бидат лесни за употреба и безбедни во секое време.

Има два концепта што треба да се земат предвид кога станува збор за е-учество. Првата е владата и нашата способност да влијаеме на неа како граѓани. Втората е технологијата која ни дава можност да го искористиме дигиталниот простор и да ги споделиме нашите гласови. Довербата е клучниот фактор за зајакнување на тој глас, што значи дека луѓето треба да веруваат и во владата и во технологијата.

„е“ како електронски и „е“ како омоќување (empowerment)

„Воспоставувањето доверба бара владата да може да утврди дека оние кои бараат пристап до информации и донесување одлуки имаат легитимно право да го прават тоа и дека приватноста и граѓанските права на оние со кои се управува, при тоа, не се загрозени“.

Дигиталната компонента никогаш не може да се набљудува одделно. Тоа е составен дел од нашите животи. Толку беспрекорно се слеа што понекогаш може да биде тешко да се замисли дека пред само неколку децении живеевме во значително поинаков свет.

Според тоа, без разлика дали зборуваме за „е“ со оглед на неговата дигитална природа или за „е“ како омоќување на луѓето да се вклучат, ние зборуваме за испреплетени процеси.

Улогата на дигиталното во оваа смисла е да ѝ служи на демократијата, да овозможи нејзината веќе изградена политичка и демократска култура да напредува со замаглување на ограничувањето на времето и просторот.

Е-владеењето овозможува повеќе информации за владата и работата на институциите, а со тоа и полесно набљудување на дефектите и болните точките и нивно решавање. Во земјите кои немаат високо ниво на политичка и демократска култура, дигиталното може да се користи како еден вид „поправен механизам“, затоа што може да ги разоткрие овие прашања и да обезбеди платформа за реакција. Ова не значи дека само затоа што нешто е дигитално, автоматски станува подобро. Човечкиот фактор останува еден од најголемите предизвици на повеќе нивоа, што значи дека проблемите со процесите треба да се решаваат пред сè на политичко ниво.

Предуслов за да бидете омоќени и да се вклучите во сите овие процеси е да бидете информирани. На пример, треба да знаеме што се случува со нашите податоци во дигиталниот простор, кој ги поседува и како ги користи. Мораме да разбереме како функционира дигиталното. Тоа значи дека треба да имаме одредени дигитални вештини и дигитални компетенции и да бидеме свесни за одредени ризици кои можат да ни се случат во дигиталниот простор. Мора да знаеме што значи да се има дигитален идентитет, какви придобивки имаме од е-владеењето и електронски услуги итн. Овие и многу повеќе работи треба да бидат познати за да се постигне саканото влијание. Иако можеби звучи сложено, има многу сличности со принципите зад апликациите што ги користиме секојдневно.

Дигиталното донесе многу предности, но и одговорности и етички предизвици. Дигиталната одговорност е една од сѐ позначајните теми во светот, заедно со итните прашања за дигиталниот јаз и создавањето на дигитално ранливи групи.

 

Алатки за е-учество во Западен Балкан

Секоја земја има свој начин да им овозможи на граѓаните да го изразат своето мислење или да учествуваат во креирањето политики. Во последните години сите овие земји преку е-владеењето инкорпорираа дигитални компоненти, овозможувајќи им на граѓаните учество на интернет преку специјализирани платформи.

Иако дефинитивната листа на алатки за е-учество не може да се состави поради непостоечката централизација на е-услугите и разновидноста на е-решенија и од деловниот и од граѓанскиот сектор, еве некои од алатките кои можеби се најмногу користени кога станува збор за директно учество во креирањето политики во целните земји од Западен Балкан:

Албанија:

Е-регистар за јавно известување и консултација: http://www.konsultimipublik.gov.al/

Портал за отворени податоци на Владата: https://opendata.gov.al/en

Косово:

Платформа за е-консултации: https://konsultimet.rks-gov.net/index.php

Портал за отворени податоци на Владата: https://opendata.rks-gov.net/en/

Црна Гора:

Алатка за е-учество: https://www.euprava.me/eparticipacije

Алатка за е-петиција: http://www.epeticije.gov.me/

Портал за отворени податоци на Владата: https://data.gov.me/

Северна Македонија:

Единствен национален електронски регистар на регулативи: https://ener.gov.mk/Default.aspx

Портал за отворени податоци на Владата: https://data.gov.mk/

М-Заедница: https://mzaednica.mk/

Портал за отворено владино партнерство Северна Македонија: https://ovp.gov.mk/

Србија:

Портал за е-консултации: https://ekonsultacije.gov.rs/

Портал за отворени податоци на Владата: https://data.gov.rs/sr/

 

Една од главните цели на тимот на #ICEDA е да ги едуцира и поддржи граѓаните истовремено давајќи им можност да бараат поквалитетни услуги. Ве охрабруваме да ни ги испратите вашите примери на онлајн иницијативи или добри примери за учество на граѓаните во онлајн просторот од вашите земји! Можете да ни пишете на нашата Фејсбук или Твитер страница (@ICEDAproject), или едноставно да испратите е-пошта на iceda@metamorphosis.org.mk.

 

Оваа статија е направена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на партнерите на ICEDA и не ги одразува ставовите на Европската унија.

 

 

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Е-учество:

Омоќување

на

гласот

на

граѓаните

во

дигиталниот

простор

Останати блог текстови

Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите

23.04.2025

Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

16.04.2025

Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]

Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано

03.12.2024

Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]

Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа

07.11.2024

Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]