Истражување на Метаморфозис: Колку повеќе државни пари за порталите од една коалиција, толку помала непристрасност

Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи, се вели во истражувањето на Фондација Метаморфозис.

Кои се критичните празнини и слабости поврзани со онлајн медиумите во Северна Македонија и нивниот интегритет кога станува збор за финансирањето од политичките партии/коалиции за време на изборите? Како порталите ја покриваа кампањата? Како се трошеа јавните средства за изборна кампања на интернет порталите? Со каков тон известуваа порталите за коалициите од кои добија најмногу пари?

Одговорите на сите овие прашања се содржат во истражувањето на Фондација Метаморфозис кое денеска беше презентирано во јавноста пред бројни експерти, политичари и претставници на граѓанското општество.

Фондацијата Метаморфозис е пионер во однос на истражување од ваков вид, со оглед на тоа што досега во јавноста досега немало слично истражување, ниту пак одредена методологија кога станува збор за јавните пари и информативните интернет портали. ​

Истражувањето беше спроведено на 30 избрани информативни интернет портали, што е над 10 отсто од вкупниот број пријавени веб-сајтови (251)​ во Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање. Во периодот од 15 април и 10 мај 2024 година предмет на мониторинг биле вкупно 13,645 написи за изборите.

Од порталите, 22 се на македонски јазик, а 8 на албански, а меѓу мониторираните портали има и два агрегатора на вести (Тime.mk и Grid.mk), ​во врска со анализата на рекламни банери поврзани со изборите.​

„Се обидовме да направиме нешто што е пионерски чекор, со цел да ги информираме граѓаните како се трошат нивните пари. Со оглед на тоа што станува збор за наши пари, тие мора да се трошат транспарентно и отчетно. Финансирањето на медиумите е клучно за јавниот интерес и оттаму, истражувањето содржи информации како интернет порталите ги покривале изборите и дали непристрасно ги информирале граѓаните“, рече на денешната презентација Филип Стојановски, програмски координатор во Фондација Метаморфозис.

Фото: Мета.мк

„Постојат ограничен број меѓународни примери за мониторинг на информативните интернет портали, особено за време на изборните периоди, поради што беше тешко да се најдат добро утврдени методологии или релевантни студии на случај за да послужат како референца. Овој недостаток ја нагласи потребата од иновации и креирање на прилагодена рамка за мониторинг. Клучен приоритет беше да се обезбеди веродостојно кодирање, особено во анализата за тонот на известување. Доследното постапување од страна на програмерите е од суштинско значење за да се добијат значајни и веродостојни резултати“, рече Џована Мајола, меѓународен експерт за мониторинг на медиуми.

Според резултатите од истражувањето, има значително зголемено известување поврзано со партиските активности за време на изборната кампања, во споредба со редовното известување за политичките активности. На пример, бројот на објавени написи се зголемил за 58,8% само три дена пред официјалниот почеток на кампањата во споредба со претходниот ден.

„Покриеноста достигна кулминација на 8 мај, денот на изборите, при што информативните интернет портали објавија 1.762 написи поврзани со изборите, вклучувајќи и известување за процесот на гласање и првичните изборни резултати. Порталот Republika.mk имаше најголем удел во изборното покривање (7,6%), додека Kumanovonews.mk известуваше со најмал обем (0,2%). Од анализираните написи, 82,5% се фокусираа на партиски кампањи и активности, додека 17,5% опфатија општи информации за изборите и нивната организација“, стои во анализата.

Понатаму, истражувањето покажува дека поголемиот дел од мониторираните портали се концентрирале на големите парламентарни партии/коалиции, а известувањето за помалите партии било ограничено.

„Најзастапени во известувањето беа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок, заедно со ДУИ и Влен/Вреди во албанскиот блок. Другите партии, како што се ЗНАМ и Левица, добија минимално внимание, додека останатите партии како Аваја, Нова алтернатива, Десна и Твоја партија значително отсуствуваа во изборното покривање“, стои во анализата.

ВМРО-ДПМНЕ доминирало во покривањето на изборите, со 51% од написите (вкупно 7.007), додека 42,2% од известувањето било со позитивен тон и 20% со негативен тон. Republika.mk, Kurir.mk, Vecer.press и Lider.mk биле меѓу порталите кои најмногу позитивно известувале за ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ била застапена со 40,6% од изборното покривање (5.551 написи), од кои 42,6% биле негативни и 20 отсто позитивни написи.

„Имено, поголемиот дел од негативното известување за ДУИ беше на порталите Republika.mk, Express.mk, Kurir.mk и неколку портали на албански јазик како што се TV21.mk, Tetovasot.com и Zhurnal.mk (кои позитивно известуваа за ВМРО-ДПМНЕ). Тоа укажува дека некои информативните портали известуваа негативно за ДУИ и попозитивно за ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во извештајот од мониторингот.

СДСМ била застапена во 40% од анализираните написи. Известувањето за СДСМ било претежно неутрално (39,1%), додека во 34,2% од написите се известувало со негативен тон, често со нагласени наводи за корупција и за доминацијата на ДУИ во владата.

„Негативното известување главно беше на Republika.mk, Kurir.mk и Express.mk. Влен/Вреди, опозициската коалиција на етничките Албанци, доби помала покриеност од ДУИ, и беше застапена во 22% од написите, од кои 14% беа негативни, а 35% позитивни. Tetovasot.com и TVKlan.mk ги објавија повеќето негативни написи, додека TV21.tv и Zhurnal.mk известуваа со попозитивен тон“, се укажува во мониторингот.

Од аспект на професионалните стандарди, во повеќето написи не бил наведен авторот, во голема мера бил користен само еден извор на информации, честопати преку репродуцирање на партиските соопштенија за медиумите без дополнителна анализа или истражување. Покрај тоа, анализата, исто така, покажала дека преку пристрасното известување често се промовирале конкретни кандидати или партии, а останатите се ставале во споредна улога.

„Написите понекогаш содржеа потпалувачки изјави без уредничка умереност, што дополнително ја разгоруваше политичката поларизираност“.

Во однос на родовата застапеност, пак, само 2,4% од написите опфаќале теми поврзани со родовите прашања, и покрај тоа што 42,9 отсто од кандидатите биле жени (753 од 1.755).

„Медиумите во голема мера ги ставија родовите прашања настрана, притоа возобновувајќи ги традиционалните стереотипи преку претставување на жените кандидатки во семејни улоги, наместо како политички актери. Медиумите не успеаја да ги анализираат изборните програми на коалициите и политичките партии од аспект на родовата еднаквост, а забележлив беше и недостатокот на компаративна содржина за предлозите на кандидатите за различни групи на жени и девојки“, се вели во документот.

Порталите беа стимулирани поповолно да известуваат за да ги зајакнат нивните врски со конкретни политички учесници

ВМРО-ДПМНЕ, според анализата, била најактивна партија, со вкупно 1.069 рекламни банери на интернет. Наспроти тоа, помалите партии, како што е АВАЈА, биле минимално застапени во однос на рекламирањето. Во однос на двете водечки коалиции, ДУИ и ВЛЕН/ВРЕДИ од албанскиот блок, информативните портали претежно продаваа рекламен простор на едната или другата коалиција.

Најголем број рекламни банери има објавено A1on.mk, односно 11,1%, по што следуваат Telegrafi.mk со 8.9%, Grid.mk со 8.4%, 360stepeni.mk со 7%, Faktor.mk со 6.3%, MKD.mk со 5.1%, Vecer.mk со 4.9%, Slobodenpecat.mk со 4.5%, Zhurnal.mk со 4.5%, Time.mk со 4.5%, итн. Бројот на рекламни банери на ИИП почнува да се зголемува на 19 април, вториот ден од изборната кампања, и го достигнува врвот во периодот од 24 април до 5 мај 2024 година.

„Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи. Како резултат на тоа, информативните интернет портали беа стимулирани поповолно да известуваат за да ги зајакнат нивните врски со конкретни политички учесници“, се укажува во истражувањето.

Потребни се јасни критериуми за да има транспарентност како се трошат парите за избори кои влегуваат во порталите

Заклучоците од истражувањето укажуваат дека системот на директно државно финансирање на информативните интернет портали може да се преиспита или, доколку се задржи, треба да се воведат јасни и објективни критериуми во законската регулатива за да се обезбеди транспарентност и отчетност, како при одредувањето на подобноста на информативните интернет портали, така и во користењето на државни средства за платено политичко рекламирање.

Понатаму, една од препораките е дека за да се унапреди целокупниот квалитет и разноликост на медиумскиот пејзаж, може да се разгледаат некои алтернативни методи за финансирање на онлајн медиумите/интернет порталите.

„Тоа треба да се спроведе во рамки на безбеден, инклузивен и транспарентен процес кој ја поттикнува довербата и одговорноста. Од клучно значење за овој процес се инклузивните консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со медиумските професионалци, надзорните и регулаторните тела, владините претставници и граѓанските организации“, стои во документот.

Во истражувањето се препорачува и зајакнување на професионалните стандарди за новинарите преку наменски обезбедена поддршка за истражувачко и аналитичко известување, односно специјализирани програми за обука за новинарите за напредни истражувачки вештини, етички упатства и најдобри практики во истражувачкото
новинарство.

Препораките се и да се зајакне фокусот на родовата еднаквост​, зголемување на надзорот врз платените политички реклами​, јазична инклузивност во рекламирањето ​и осврт на потребите на ранливите групи​.

Се регистрираат нови портали само за да земат државни пари од партиските коалиции

Владимир Георгиев, поранешен член на Антикорупциската комисија, вели дека од истражувањето може да се заклучи дека поголемите финансиски ангажмани најчесто корелираат со попозитивни објави и покриеност, но постојат и исклучоци.

„Некои медиуми, без оглед на големината на финансиската поддршка, одржуваат неутралност. Но, можеби политичките коалиции се спремни да ангажираат одреден портал што во периодот пред избори не е наклонет кон нив, бидејќи се надеваат дека на тој начин (со рекламирање од државниот буџет) ќе променат нешто во сентиментот на објавите за време на изборната кампања“, вели Георгиев и додава:

„Бројот на интернет портали што се пријавуваат непосредно пред изборите значително се зголеми, што укажува на тоа дека многу од нив се регистрираат со цел да се добијат финансиски средства за време на изборната кампања, а подоцна евентуално да воспостават клиентелистички односи со политичките партии/коалиции“.

Фото: Мета.мк

Георгиев го покрена и прашањето за целисходноста, односно за тоа дали средствата од државниот буџет за партиски реклами, наместо за промовирање идеи, проекти и заложби, се трошат за оцрнување на политичките неистомисленици.

Сем Пауер, меѓународен експерт за политичко и партиско финансирање, рече дека студијата на Фондација Метаморфозис покажала два основни проблема: дека критериумите за распределба се премногу строги и дека истите не се почитуваат на онлајн платформите. Компаративно, рече Пауер, во многу области Македонија е во согласност со нормите на ЕУ, но тоа не е случај со индиректното државно финансирање преку платено политичко рекламирање.

Како студија на случај, тој ја наведе Велика Британија во однос на тестирањето на вештачката интелигенција кога станува збор за финансирањето на изборите, каде што се применува оптичко препознавање на карактери и конверзија на документи, така што документите стануваат машински читливи. Секако, вели тој, и тука постојат бројни предизвици бидејќи не сите фактури изгледаат исто.

„Потребни се и заштитни механизми, бидејќи колку повеќе дигитализирате, толку помалку сте безбедни. Потребен е човекот во сиот овој циклус“, нагласува Пауер.

Мониторингот на покривањето на парламентарните избори во 2024 на информативните интернет портали во Северна Македонија може да се преземе на македонски јазик, албански јазик и на англиски јазик.

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Истражување

на

Метаморфозис:

Колку

повеќе

државни

пари

за

порталите

од

една

коалиција,

толку

помала

непристрасност

Останати блог текстови

Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори

30.10.2024

Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]

„Пари, медиуми и избори“: Се бараат итни промени во Изборниот законик и надзор врз буџетските пари во порталите

30.10.2024

Итни промени во Изборниот законик пред локалните избори догодина, надзор и контрола врз онлајн порталите кои добиваат буџетски пари за рекламирање на политичките партии за изборите и укинување на платеното политичко рекламирање од буџетот на државата. Ова накратко беа клучните поенти и предлози на надлежните од Државниот завод за ревизија (ДЗР), Државната комисија за спречување […]

Истражувањето за дезинформациите и граѓанското општество ги потенцира големите демократски предизвици низ Европа

05.09.2024

TechSoup, преку својата програма за дигитален активизам, објави четири сеопфатни извештаи за регионално мапирање кои ги осветлуваат критичките предизвици и итните потреби на граѓанските организации низ Европа. Развиени со заеднички напори преку мрежата на партнери на TechSoup низ Централна и Источна Европа, овие извештаи обезбедуваат детален преглед на итните прашања со кои се соочуваат граѓанските […]

Наша летна препорака за читање

29.07.2024

Кога се работи за летно читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака. „Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот. Публикацијата опфаќа теми како: […]

Мизогинија со еден клик

02.07.2024

Превод од германски јазик. Оргиналниот текст е достапен на следниот линк: Info Europa 2/2024 – “Navigieren durch die Datenflut” – IDM Клеветата и говорот на омраза се широко распространети на социјалните мрежи. Маргинализираните групи се особено често погодени од нив. Мила Јосифовска Даниловска и Деспина Ковачевска известуваат за родово базиран говор на омраза на интернет […]

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]