Краток преглед на правните аспекти и политиките во поглед на регулирањето на дезинформациите во Северна Македонија

Концептуалната поставеност на дезинформациите и лажните вести опфаќа прилично широк и развиен дијапазон. Иако македонскиот нормативен систем нема усвоена дефиниција за оваа појава, постои генералем консензус околу оперативното значење на терминот, која повеќе или помалку се поклопува со дефиницијата од речникот Кембриџ: невистинити информации кои се шират со намера да ги наведат луѓето да веруваат во невистини.

Иако намерата е еден од клучните елементи за утврдување на вина во кривично-правниот систем, инкриминацијата на создавањето и ширињето на дезинформации е индиректна. Ова значи дека иако не постои посебно кривично дело поврзано со ширење на лажни вести, Кривичниот закон во материјална смисла може да овозможи кривичен прогон за активности од ваков карактер. Ова прашање посебно се актуелизраше откако започна пандемијата на корона вирусот, а во јавноста беа објавени информации и за неколку поднесоци до јавното обвинителство поврзани со оваа тематика. Сепак, дел од обвинителите се иззедоа од понатамошно постапување,сметајќи дека ваквите правни основи не се доволни. Одговорноста може да се лоцира по неколку осново. Така на пример, постојат кривични дела како Член 205 став 5 вели :Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца. Следната инкриминација е поврзана со дела на говор на омраза и во Членот 394 г се наведува дека: Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Реално, проблемот со дезинформациите е многу постар од пандемијата.

Формулацијата „ширење на лажни вести“ која е најтесно поврзана со дезинформациите посебно е актуелизирана во летото 2016та заради претседтелските избори во САД, но локализирано во Велес. Сторијата за момчињата од Велес која ја промовираше реномираниот „Гардијан“ брзо го обиколи светот, но македонската легислатива не претрпе поголеми интервенции иако имаше сериозни политички иницијативи, инспирирани пред се од извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија. Во извештајот меѓу другото се вели дека „Од суштинско значење е да се продолжи со поддршка на плурализмот во медиумите, промовирањето професионализам, непристрасно известување и истражувачко новинарство и градење отпорност за ефикасна борба против дезинформациите“ а во таа насока од земјата во наредната година меѓу другото, се очекува да ги зголеми напорите за борба против дезинформациите и градење флексибилност на медиумите. Во таа насока, Владата воведе акциски план за борба против дезинформациите и започна процес за подобрување на медиумската писменост во образовниот систем. И двата процеси се во рана фаза. Од друга страна, акцискиот план не беше примен со воодушевување, а дел од медиумите реагираа дека се плашат од потенцијална цензура.

Еден од клучните проблеми во земјава моментално е фактот што Интернет-медиумите не се регулирани со закон. Предложено е воспоставување механизам за саморегулација. Во декември 2019 година, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите воспоставија регистар на мрежни медиуми (promedia.mk) кој е доброволен и поставува низа минимални стандарди. Саморегулацијата беше алтернативата на законската регулација во Законот за медиуми кој првично имаше за цел да ги опфати и т.н. електронски публикации (интернет-порталите), но истото не се случи под притисок на експертската и меѓународната јавност. Иако целта на таквото решение беше унапредување на слободата на медиумите, во пракса злоупотребата е многу поголема,а регуларните медиуми и нивните уредници се во многу понеповолна положба и подлежат на порестриктивни мерки.

Друг клучен проблем од правна природа поврзан со инкриминацијата на дезинформациите, нивното создавање и ширење, е природата на актерите и намената за која се создаваат.

 

Оваа статија е поддржана од страна на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup. Гледиштата изразени во оваа публикација се на авторот и не ги одразуваат секогаш гледиштата на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup и C3I.

Текстот е преземен од: Cyber Security, Corporate Security and Crisis Management Initiative

Сподели:

28879
meta tim sliki-02.jpg

д-р

Весна

Попоска

Авторот е универзитетски професор и независен аналитичар

Останати блог текстови

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]

Заштита на вашиот дигитален идентитет: Важноста на „сајбер хигиената“

25.04.2023

Во денешното дигитално доба, поважно е од кога било да преземете чекори за да се заштитите од сајбер заканите. Од вируси и малициозен софтвер па сѐ до измами со фишинг и кражба на идентитет, има многу ризици кои можат да ги компромитираат вашите лични информации и да направат хаос на вашите уреди. Затоа практикувањето добра […]

Комуникација со граѓаните за дигиталната трансформација– важен придонес за премостување на јазот

24.04.2023

Дигиталната трансформација ги менува нашите животи на начини што не можевме да ги замислиме дури ни пред неколку децении. Таа донесе нови можности и предизвици и го трансформира начинот на кој живееме, работиме и комуницираме меѓусебно. Сепак, комуникацијата со граѓаните за дигиталната трансформација може да биде предизвик, особено на Западен Балкан, каде што сè уште […]

Институциите како причина за нарушувања на приватноста во медиумите

19.04.2023

Дури и ако надлежните државни органи откријат приватни податоци на сторител или жртвата, медиумите не смеат да ги пренесуваат тие информации. Грешка од страна на државните органи не значи „дозвола“ за прекршување на етичките начела на професијата. Ова го вели Етичкиот кодекс на српските новинари, но медиумската практика често е сосема поинаква. Зошто е тоа […]

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош - Мета.мк Новинска агенција

10.04.2023

Дигиталниот асистент „АДА“; Фото: Влада на РСМ Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по […]

Употребата на вештачката интелигенција во државните институции е корисна, но опасна е ако се злоупотреби - Мета.мк Новинска агенција

09.04.2023

Фото: Pixabay.com Користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките. Ова го велат експертите за влијанието на вештачката интелигенција доколку се користи од […]

Verified by MonsterInsights